Почетна » Новости » Актуелно » 395 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

395 новозаразени и 21 смртен случај од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.595 тестирања, а има 395 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 177
  • Куманово – 35
  • Велес – 31
  • Штип – 21
  • Кавадарци – 19
  • Прилеп – 17
  • Охрид и Кочани – по 12
  • Битола – 11
  • Струмица – 10
  • Гевгелија – 7
  • Тетово – 6
  • Кичево – 5
  • Кратово – 4
  • Гостивар, Свети Николе, Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3
  • Пробиштип – 2
  • Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, починале 14 лица: 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш (67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од 05.09.2021 до 10.10.2021 година. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 121
  • Велес – 22
  • Куманово – 21
  • Штип – 15
  • Кавадарци – 10
  • Струмица – 8
  • Прилеп – 7
  • Кочани – 5
  • Битола, Дебар и Виница – по 4
  • Тетово и Кичево – по 3
  • Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2
  • Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево и Македонски Брод – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 196.762 бројката на оздравени пациенти е 183.027, на починати е 6.922, а бројот на активни случаи изнесува 6.813.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11988 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.