Почетна » Новости » Актуелно » 393 новозаразени и 25 починати од коронавирус

393 новозаразени и 25 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 2.974 тестирања, а има 393 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 187
  • Куманово – 34
  • Велес – 30
  • Штип – 21
  • Прилеп – 14
  • Охрид и Струмица – по 11
  • Крива Паланка – 10
  • Тетово и Кичево – по 8
  • Битола, Кавадарци и Пробиштип – по 7
  • Кочани – 6
  • Виница – 5
  • Гевгелија, Радовиш, Берово и Македонска Каменица – по 4
  • Ресен и Богданци – по 3
  • Кратово – 2
  • Делчево, Македонски Брод и Демир Хисар – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, починале 20 лица: 9 починати лица од Скопје (52г, 54г, 54г, 69г, 75г ,80г, 81г, 82г и 84г), по 2 од Куманово (82г и 86г), Струга (56г и 68г) и Велес (69г и 76г), и по едно од Кавадарци (63г), Гостивар (69г), Кичево (68г), Крива Паланка (70г) и Свети Николе (62г). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 21.09.2021 до 02.10.2021 година. Регистрирани се 3 лица од Скопје и 2 лица од Тетово на возраст од 52 до 78 години. Од пријавените, 4 се починати во болнички услови, а едно во домашни услови.

Регистрирани сe 397 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 195
  • Куманово – 44
  • Велес – 20
  • Кавадарци – 19
  • Прилеп – 17
  • Штип – 13
  • Кочани – 11
  • Битола и Охрид – по 10
  • Кичево и Крива Паланка – по 7
  • Кратово – 6
  • Тетово и Радовиш – по 5
  • Виница и Валандово – по 4
  • Струмица, Делчево и Пробиштип – по 3
  • Струга, Гевгелија и Неготино – по 2
  • Гостивар, Богданци, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.846 бројката на оздравени пациенти е 176.278, на починати е 6.783, а бројот на активни случаи изнесува 10.785.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11862 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.