Почетна » Новости » Актуелно » 386 новозаразени и 16 починати од коронавирус

386 новозаразени и 16 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.791 тестирања, а има 386 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 205
  • Куманово – 25
  • Битола – 18
  • Велес и Штип – по 16
  • Крива Паланка – 15
  • Струмица – 11
  • Охрид – 10
  • Тетово и Прилеп – по 9
  • Свети Николе – 8
  • Кичево, Кочани и Гевгелија – по 6
  • Валандово – 5
  • Кавадраци и Радовиш – по 4
  • Пробиштип и Кратово – по 3
  • Виница и Македонска Каменица – по 2
  • Гостивар, Богданци и Демир Хисар – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, починале 8 лица: 5 од Скопје (63г, 68г, 71г, 78г, 82г) и по едно од Куманово (84г), Кавадарци(62г) и Македонски Брод (53г). Седум се починати во болнички услови, а еден во домашни услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 8 починати лица, со датум на смрт од 20.09.2021 до 03.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Битола, Куманово и Охрид, на возраст од 34 до 83 години. Од пријавените, 4 се починати во болнички услови и 4 во домашни услови.

Регистрирани сe 529 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 313
  • Куманово – 37
  • Штип – 22
  • Кавадарци – 18
  • Велес – 15
  • Битола и Струмица – по 13
  • Тетово и Прилеп – по 12
  • Охрид – 9
  • Кичево, Крива Паланка и Свети Николе – по 7
  • Кочани – 6
  • Гевгелија – 5
  • Радовиш, Неготино, Кратово и Ресен – по 4
  • Виница, Гостивар, Струга и Дебар – по 3
  • Крушево – 2
  • Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.231 бројката на оздравени пациенти е 176.807, на починати е 6.799, а бројот на активни случаи изнесува 10.625.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11870 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.