Почетна » Новости » Актуелно » 377 новозаразени и 13 починати од коронавирус

377 новозаразени и 13 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.608 тестирања, а има 377 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 164
  • Кавадарци – 31
  • Прилеп – 30
  • Битола – 24
  • Охрид – 16
  • Велес – 15
  • Куманово – 11
  • Штип – 10
  • Кичево – 9
  • Тетово – 7
  • Струмица и Крива Паланка – по 6
  • Радовиш и Валандово – по 5
  • Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4
  • Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3
  • Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2
  • Струга, Пробиштип и Крушево – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 12 починати лица: 5 од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје на возраст од 92 години.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 155
  • Охрид – 23
  • Прилеп – 20
  • Кавадарци и Куманово – по 17
  • Битола – 13
  • Делчево – 10
  • Струга – 8
  • Велес и Ресен – по 5
  • Штип, Струмица, Валандово и Кочани – по 4
  • Гевгелија – 3
  • Тетово, Свети Николе и Пехчево – по 2
  • Кичево, Радовиш, Неготино, Богданци, Кратово, Македонска Каменица, Берово, Демир Хисар и Дојран – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.100, бројот на оздравени пациенти е 205.700, на починати е 7.723, а бројот на активни случаи изнесува 5.677.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.