Почетна » Новости » Актуелно » 344 новозаразени и 18 починати од коронавирус

344 новозаразени и 18 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.926 тестирања, а има 344 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 143
  • Велес – 33
  • Куманово – 27
  • Штип – 19
  • Струмица – 15
  • Битола – 13
  • Прилеп и Кочани – по 12
  • Охрид – 9
  • Кавадарци – 7
  • Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6
  • Македонска Каменица – 5
  • Радовиш, Виница и Крушево – по 4
  • Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3
  • Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2
  • Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1
податоџи

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се починати во болнички услови и 3 лица се починати во домашни услови.

Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип - 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка - 1.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 168
  • Куманово – 28
  • Велес – 19
  • Кавадарци – 18
  • Кочани – 15
  • Кичево – 14
  • Штип и Прилеп – по 13
  • Струмица – 11
  • Битола – 6
  • Охрид и Гевгелија – по 5
  • Берово и Неготино – по 3
  • Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга – по 2
  • Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово – по 1

Досега во земјата се направени вкупно 1.319.879 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.575 бројката на оздравени пациенти е 180.791, на починати е 6.817, а бројот на активни случаи изнесува 6.967.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.