Почетна » Новости » Актуелно » 111 новозаразени и 18 починати од коронавирус

111 новозаразени и 18 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.529 тестирања, а има 111 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

• Скопје – 83

• Прилеп – 6

• Велес – 5

• Кавдарци – 4

• Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2

• Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1

ковид податоци

Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од:

• Скопје и Куманово – по 25

• Штип – 21

• Кавадарци – 18

• Кочани – 13

• Велес – 11

• Битола и Свети Николе – по 10

• Прилеп – 6

• Охрид и Кратово – 5

• Радовиш – 4

• Пробиштип – 3

• Гевгелија – 2

• Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1

Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002 бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.