Почетна » Новости » Актуелно » 107 новозаразени и 24 починати од коронавирус

107 новозаразени и 24 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.668 тестирања, а има 107 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 83
  • Прилеп – 6
  • Куманово и Кавадарци – по 4
  • Битола – 3
  • Неготино – 2
  • Штип, Кичево, Кочани, Гевгелија и Пробиштип – по 1
ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 19 починати лица: 12 од Скопје (86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г, 65г, 63г, 57г, 48г и 39г), 2 од Куманово (71г и 42г) и по едно од Богданци (70г), Велес (73г), Гевгелија (69г), Кичево (69г) и Македонска Каменица (87г). Сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 16.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се двајца од Скопје, и по едно лице од Тетово, Гевгелија и Велес, на возраст од 59 до 79 години. Од нив, 3 се починати во болнички услови, а 2 во домашни услови.

Регистрирани сe 247 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 101
  • Штип – 21
  • Куманово – 19
  • Велес – 16
  • Кратово – 11
  • Прилеп, Кочани и Крива Паланка – по 9
  • Тетово – 8
  • Кавадарци и Валандово – по 7
  • Струмица, Свети Николе и Виница – по 4
  • Кичево и Гевгелија – по 3
  • Битола, Радовиш, Ресен, Крушево и Демир Хисар – по 2
  • Неготино и Гостивар – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 197.197 бројката на оздравени пациенти е 183.474, на починати е 6.964, а бројот на активни случаи изнесува 6.759.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.