Почетна » Новости » Актуелно » 1.409 новозаразени и 28 починати од коронавирус

1.409 новозаразени и 28 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.824 тестирања, а има 1.409 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 783
  • Битола – 76
  • Куманово – 67
  • Кавадарци – 55
  • Тетово – 50
  • Велес – 45
  • Прилеп и Гостивар – по 42
  • Струмица и Неготино – по 30
  • Гевгелија – 24
  • Охрид – 21
  • Штип и Кичево – по 19
  • Кочани – 14
  • Ресен – 13
  • Крива Паланка – 12
  • Валандово – 11
  • Радовиш – 7
  • Струга, Делчево и Македонски Брод – по 6
  • Свети Николе, Виница и Демир Капија – по 5
  • Берово и Богданци – по 4
  • Дебар и Пробиштип – по 2
  • Кратово, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 1

Од вкупниот број на позитивни (1.409), регистрирани се 206 реинфекции.

ковид податоци

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 5 од Скопје (64г, 69г, 70г, 74г и 81г), по 3 од Штип (78г, 86г и 90г) и Охрид (54г, 78г и 79г), 2 од Куманово (75г и 81г) и по едно од Гостивар (71г), Велес (74г), Делчево (80г), Кочани (77г) и Неготино (81г). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Куманово (3), Скопје (3), Струмица (3) и Берово (1).

Починатите се на возраст од 40г до 89г. Од пријавените лица 4 лица се починати во болнички услови и 6 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 31.01.2021 – 07.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=28), 17 лица се целосно вакцинирани, а кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 1.455 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 298
  • Битола – 129
  • Кавадарци – 123
  • Куманово – 112
  • Тетово – 98
  • Гостивар – 77
  • Велес – 76
  • Прилеп – 72
  • Струмица – 51
  • Валандово – 42
  • Неготино – 40
  • Штип – 39
  • Охрид – 37
  • Гевгелија – 35
  • Кичево – 34
  • Радовиш – 28
  • Ресен и Крива Паланка – по 21
  • Кочани – 20
  • Свети Николе – 18
  • Струга – 14
  • Богданци – 13
  • Дебар – 12
  • Делчево – 9
  • Демир Капија и Демир Хисар – по 8
  • Виница – 7
  • Дојран и Крушево – по 3
  • Берово и Кратово – по 2
  • Македонски Брод, Пробиштип и Македонска Каменица – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 283.547, бројот на оздравени пациенти е 263.196, на починати е 8.686, а бројот на активни случаи изнесува 11.665.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12012 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.