• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Слабеење

8 мали проверени совети за рамен стомак

27 јули 2011, 12:00
  • cподели

Преку глава ви е да носите широки блузички за да го сокриете стомакот или цела вечер да го вовлекувате навнатре за да го имате посакуваниот изглед? Рамниот стомак не доаѓа преку ноќ, но ќе се изненадите колку голема разлика можат да направат малите промени во вашите секојдневни навики.

Жена со рамен стомак
  1. Исправете се и зачувајте ја правилната положба на телото. Во секој момент од денот седете или стојте исправени. Така ќе активирате многу повеќе мускули на телото, а со тоа автоматски ќе ги обликувате и мускулите на стомакот. Ако долго време работите на компјутер, залепете си на ѕидот ливче со мала порака која ќе ве потсетува дека треба да се исправите.
  2. Зацврстете го стомакот со широка насмевка. Смеењето е најлесниот и најзабавниот начин да ги тонирате мускулите на стомакот. Гледајте комедија или смејте се со вашите пријатели и победете го салцето со насмевка.
  3. Зачувајте ја лушпата/кората на овошјето и зеленчуците. Растителните влакна се ваши сојузници, а нив во изобилство ги има во лушпата на јаболката, крушите, па дури и компирите и портокалите. Не мора лушпата на портокалот да ја јадете цела. Едноставно не го чистете целосно портокалот од белата обвивка, туку изедете го заедно со неа.
  4. Заборавете ја гумата за џвакање. Мразите што вашето стомаче секогаш изгледа подуено? Можеби виновник за тоа е вашата омилена гума за џвакање. Додека џвакате, голтате и големо количество воздух кој го дуе вашиот стомак. Ако сакате да го освежите здивот, подобро е да ставите в уста ментол бонбона.
  5. Џвакајте ја храната додека не стане како паста. Недоволно изџваканата храна не само што му ја отежнува работата на желудникот, туку и создава непосакувани гасови кои ќе направат вашиот стомак да изгледа поголем отколку што навистина е. Џвакајте го секој залак барем 10-15 пати и уживајте во вкусовите.
  6. Не јадете исправени. Ако јадете стоејќи, во текот на вашиот нареден оброк ќе внесете за 50% повеќе калории. Зошто? Затоа што кога јадете од стоење го восприемате тоа како ужина, а не како голем оброк, па склони сте со наредниот оброк да надоместите затоа што не се чувствувате задоволени.
  7. Вртете хулахоп. Со оваа забавна детска игра ќе ја таргетирате проблематичната зона на стомакот. Со кружните движења ќе успеете да ги вежбате стомачните мускули, колковите и да го намалувате обемот на половината. Една од обожавателките на хулахоп вежбите за одржување на формата е и Бијонсе.
  8. Извадете го стресот преку боксување. Со боксувањето добивате 2 во 1. Од една страна, со секој удар ги активирате мускулите во средниот дел на телото, а од друга, го намалувате стресот кој е добро познат причинител на салото на стомакот. Ако не знаете како да го вметнете боксирањето во вашата кардио активност, побарајте видеа со Тае Бо.
Tags
слабеење
стомак

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.