Тае Бо

Што претставува Тае Бо?

Тае Бо е уникатна комбинација од Тае Квон До, бокс, карате и аеробик, создадена од неверојатниот Били Бленкс. Тоа се вежби кои ве учат како да комуницирате со своето тело.

Самото име Тае Бо доаѓа од зборот „Тае“, кој на корејски значи нога и „Бо“, скратеница од бокс. Тае Бо е одличен начин за согорување на калории, придобивање на сила, рамнотежа, координација и издржливост.

Тае Бо
Тае Бо е уникатна комбинација од Тае Квон До, бокс, карате и аеробик.

Според зборовите на неговиот создавач, Тае Бо е комбинација од контролата, карактеристична за воените вештини, фокусот и силата на боксот и грациозноста и ритамот на танцувањето.

Магијата на популарното Тае Бо ја почувствувале Памела Андерсон, неверојатната Фара Фoсет, Квин Латифа, Кетрин Бел, Брук Шилдс, Пола Абдул и многу други.

За создавачот

Били Бленкс
Создавачот на Тае Бо - Били Бленкс

Били Бленкс е креаторот на револуционерниот фитнес систем Тае Бо, кој им помага на милиони луѓе во светот да бидат во форма и да се чувствуваат одлично. Неверојатниот Бленкс е светски шампион во карате, актер, автор, филантроп и хуманист.

Комбинирајќи танцувачки движења и Тае Квон До, тој неочекувано ја создава идејата за Тае Бо, уште во 80-тите години. Во 1989 година започнува да држи часови по Тае Бо во својата гаража. Од неговиот почеток до денес неговата популарност оди само по нагорна линија. Заедно со својата ќерка Шели, со помош на концепцијата Тае Бо, Бленкс сега го освојува светот.

Дали Тае Бо е за вас?

Ако сакате тренинг за целото тело, тогаш Тае Бо е вистинскиот избор за вас. Практикувањето Тае Бо треба да биде дел од вашите физички активности доколку ви се забавни ритмичните движења на аеробикот, но сакате поинтензивен тренинг.

Тоа се динамични вежби, кое ќе го зацврстат вашето тело, ќе ги тонираат и дефинираат вашите мускули и ќе ви ја дадат потребната енергија.

Од каде да започнете?

Били Бленкс има создадено тренинзи со различен интензитет и тежина, за секоја од нас да може лесно да е вклопи во совладувањето на вештината Тае Бо.

Најдоброто е тоа што вие самите можете да го контролирате темпото на вежбање. DVD-ата, создадени од Бленкс, можат да се купат во Америка и понапредните европски земји, но за жал кај нас не се достапни. Но, ако сакате да се доближете до магијата и силата на Тае Бо, секогаш можете да видете како изгледа тоа на youtube.com.

Ако доволно се заинтересирате и сакате да практикувате Тае Бо дома, сигурно ќе успеете да дојдете до копии од овие интересни тренинзи. Постојат и инструктори во Македонија кои нудат часови по Тае Бо. Сè што треба е да имате желба да се приклучите на семејството на Тае Бо-то.

Постојат различни нивоа, со различен интензитет и вие одлучувате од каде да започнете. Доколку се чувствувате физички посилни, изберете поинтензивен тренинг (Тае Бо за напредни). Во спротивно, треба да започнете од поедноставните и полесните тренинзи (Тае Бо за почетници). Откако ќе изградите издржливост, преминете на потешките тренинзи.

Кога можете да очекувате резултати?

Некои луѓе тврдат дека чувствуваат нивното тело како се менува уште по првиот тренинг, а забележуваат видливи резултати после третиот. Кај други, резултатите се видливи после неколку седмици. Секој човек е различен и резултатите варираат, но можете да бидете сигурни дека ќе се појават.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.