Мејкап трендови – есен/зима 2010-2011
Почетна » Убавина и мода » Шминка » Мејкап трендови – есен/зима 2010-2011

Мејкап трендови – есен/зима 2010-2011

Новата сезона носи и нови возбудливи мејкап трендови, кои ќе им дадат простор на обожавателките на шминката уште повеќе да експериментираат. Тие сигурно ќе ви дадат инспирација да го промените начинот на којшто ја користите шминката за да ги истакнете цртите на своето лице.

Жена со драматична шминкаДраматичните истакнати очи и црвениот кармин се меѓу најактуелните трендови

Без да должиме многу, еве ги трендовите за сезоната есен/зима 2010-2011:

  • Дебели веѓи. Оваа сезона вашите веѓи треба да остават силен впечаток. Дебелите и прецизно оформени веѓи ги акцентираат очите и го прават погледот подраматичен. За да ги одржите средени и да го избегнете „бушавиот“ изглед, користете малку вазелин.
  • Оцртани очи со ајлајнер. Ајлајнерот е клучна алатка за дефинирање на формата на очите. А оваа сезона, не се воздржувајте и продолжете ја линијата подалеку од вашето око и заоблете ја малку нагоре. Така ќе им дадете „крилја“ и сексапилност на вашите очи. Ако не сте толку вешти со течниот ајлајнер, подобро употребете молив за очи. Користете само црн ајлајнер, а на одредени делови од окото можете да ставите виолетов или темно син ајлајнер за да внесете индивидуалност.
  • Драматични истакнати очи. Употребата на ајлајнер не е доволна за да ги истакнете максимално своите очи. Сенките за очи се неопходни за да постигнете заводлив, драматичен, „смоуки“ изглед. Една од боите кои дефинитивно ќе ја одбележат оваа сезона, барем кога станува збор за шминката на очите, е кафеавата. Различните нијанси на кафеава делуваат мистериозно, а во исто време и меланхолично, па дефинитивно ќе ви помогнат да создадете незаборавен изглед на очите. Но, освен кафеава, не заборавајте да користите виолетова, сина, зелена или сива сенка за очи.

    Оние кои сакаат да експериментираат ќе го обожаваат трендот на двобојна шминка на очите, т.е. користење на нијанси од две бои – едната за горниот капак, а другата за долниот капак веднаш под окото. Одлично се комбинираат сенки во темно сина и карамела боја.

  • Црвени или темновиолетови усни. Класичните црвени усни повторно се најдоа меѓу најактуелните трендови. Секоја нијанса, од светло црвена до бордо, е модерна, а крајниот изглед може да биде или мат или сјаен. Освен црвени, користете и кармини во темно виолетова боја во готик стил за да ги истакнете усните. За модерен ефект, во средината на усните нанесете повеќе кармин и како што се движите кон краевите бојата треба да станува помека.
  • Минимализам. По сè изгледа во модата е популарно да се оди во крајности. Покрај трендовите за истакнати очи и усни, трендот за минимална шминка останува популарен и оваа сезона. А за да го следите, почитувајте го правилото: „наместо да ја менувате својата природна убавина, само истакнете ја“. Очите нашминкајте ги со сива, розова или пак сенка во корална боја и истакнете ја нивната убавина со помош на црна или кафеава маскара, а на усните ставете кармин во боја на кожата.
  • Беспрекорен свеж тен. Трендот за минимална употреба на шминка го зголемува притисокот врз жените да имаат беспрекорна кожа на лицето. Доколку темниот тен што го добивте за време на летниот одмор започна да исчезнува, не се загрижувајте и гордејте се со својот природен тен. Искористете коректор за да ги прикриете недостатоците и нанесете пудра. За да му дадете свежина на лицето, употребете руменило во розова или пак корална боја. Така вашето лице ќе изгледа како тукушто да го почувствувало студот на новата сезона.

Трендовите за новата сезона се доволно разновидни за да ви овозможат да експериментирате со различни бои и стилови. Не правете компромиси и секогаш креирајте свој неповторлив изглед.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3430 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.