• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шминка

Коригирајте ги несовршеностите на лицето

7 септември 2009, 18:51
  • cподели

На сите ни се случува, понекогаш или често, да имаме потреба да прикриеме некој недостаток на лицето. Дали тоа ќе биде црвена дамка, капилара или темните кругови под очите не е важно. Важно е прикривањето да го направиме на професионален начин, за да не го направиме проблемот поголем и позабележлив.

Најчесто недостатоците кои сакаме да ги покриеме со коректор имаат своја боја. Темните кругови околу очите имаат темно-лилава боја, капиларите и дамките од акни – црвена боја.

За да ги сокриеме проблемите на лицето и да имаме еднаков тен, потребно е да ги неутрализираме тие бои, со помош на коректори за лице во боја.

Каков коректор ви е потребен?

Боите кои неутрализираат се оние бои, кои се наоѓаат на спротивната страна на тркалото на боите. На пример: за да ја неутрализирате сината боја, потребна ви е жолта, а за црвената – зелена.

Најраспространети се коректори во три бои и тоа зелена, жолта и лилава.

  • Зелен коректор. Се користи за да ги прикрие црвените дамки од акни и капиларите.
  • Лилав коректор. Се користи за да се покријат жолтите несовршености на кожата на лицето, како жолти модрици.
  • Жолт коректор. Се користи за да ги покрие лилавите модрици и темните кругови под очите.

Откако ќе го нанесете коректорот, прекријте го со течна пудра.

Ако употребувате обичен коректор, со боја како тенот на вашето лице, нема да го прикриете проблемот, затоа што црвените дамки или темните кругови сè уште ќе се познаваат. Затоа, запомнете секогаш прво да ги неутрализирате недостатоците, а потоа да ги прикриете со течна пудра.

Tags
лице
коректор
шминка
темни кругови околу очите

Најнови

  • Александар Матовски – Цако

    „И јас успеав, како ‘грдото пајче’ кога ќе се претвори во лебед“: Инспиративниот Цако за животот со Даунов синдром

    Sat, 03/21/2026 - 16:00
  • Чак Норис

    Чак Норис замина во легендите: Познатиот актер почина ненадејно

    Fri, 03/20/2026 - 15:33
  • Пушење

    Реакција на Групацијата за производство на цигари и Здружение на производители на тутун и тутунски производи при Стопанската комора на Македонија на предлог-текстот на законот за заштита од пушење

    Thu, 03/19/2026 - 19:01
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.