Од исмејувано момче до инспиративен татко на четири деца: Ник Вујичиќ, мажот без раце и нозе, го живее својот сон
Почетна » Новости » Животни стории » Од исмејувано момче до инспиративен татко на четири деца: Ник Вујичиќ, мажот без раце и нозе, го живее својот сон

Од исмејувано момче до инспиративен татко на четири деца: Ник Вујичиќ, мажот без раце и нозе, го живее својот сон

Ник Вујичиќ, инспиративниот маж без раце и нозе, во моментов го живее својот сон заедно со четирите деца и сопругата Канае Мијахара.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Пред неколку дена, тој објави слатко видео на кое се смее со своите ќерки-близначки и стопли многу срца низ светот.

36-годишниот Австралиец со српско потекло, кој во 2016 година го посети Скопје, учествуваше во австралиската емисија „60 Минути“. Тој покажа како изгледа неговиот живот во Калифорнија, каде во моментов живее со својата сакана, двата сина и двете ќерки.

Уште пред 11 години, Вујичиќ сними интервју со водителот на емисијата Питер Овертон во кое му откри дека негов сон е да стане татко. Сега, тој вели дека има живот за каков што не можел ниту да сонува.

Видео

Ник е една од најинспиративните индивидуи на планетата. Иако е роден со реткиот синдром тетра-амелија, тој живее нормален живот. Тој плива, сурфа, игра фудбал и голф, пишува СМС пораки... Недостигот на екстремитети не го спречува Ник ниту да ужива во игрите со неговите деца, а неговата шармантна смисла за хумор му помага со позитивен став да се справи со сите предизвици кои се поставени пред него.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

А предизвиците се многу...

На 8-годишна возраст, Ник страдал од депресија предизвикана од постојаното исмејување и малтретирање. На 10 години, тој се обидел да се самоубие со давење во када, но за среќа, не успеал. Вујичиќ е мотивациски говорник кој има импресионирано и инспирирано милиони луѓе низ светот. Честопати, темата на неговите говори е врсничкото насилство и булингот.

„Не го слушајте светот кога ви вели дека не сте доволно добри, побарајте второ мислење“ – им порачува тој на своите обожаватели.

Сепак, Ник е категоричен дека најголем стрес и депресија чувствувал кога се родил неговиот втор син Дејан. „Кога Дејан беше новороденче, навистина чувствував депресија и стрес какви што не можев ни да замислам. Тешко е да се опише со зборови, но кога ќе видев дека Дејан плаче, а јас не можев да ѝ помогнам на Канае и не можев да му помогнам нему или ќе видев дека Кијоши е на работ и дека ќе падне, а јас не можев да направам ништо. Тоа навистина ме доведе на работ на стрес каков што не можев ниту да си замислам. Таа ја правеше целата работа, а јас бев оној кој велев дека не можам да имам уште деца. Но, таа ми рече: ‘Не, јас сè уште не сум завршила’“ – вели Ник во интервјуто.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Ник и Канае стапија во брак во 2012 година. Во 2013 година се роди нивниот прв син Кијоши, во 2015 вториот син Дејан, а на крајот од 2017 година, парот ги доби близначките Оливија и Ели. Парот е пресреќен и вели дека во моментов живее живот кој е подобар и од нивните најубави соништа.

„Ние сме вљубени еден во друг и ова е најневеројатниот живот кој ги надмина сите мои соништа“ – вели тој.

„Ова е повеќе од сè што сум замислувала, но како што рече Ник колку прекрасно изненадување. Го живеам сонот што никогаш не сум го сонувала“ – додава Канае.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Анкета

Анкета
Каде ќе одите/бевте на одмор ова лето?
  • 25%
  • 6%
  • 6%
  • 7%
  • 3%
  • 3%
  • 12%
  • 12%
  • 26%
Се испраќа...

(Вкупно: 9508 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?