Почетна » Новости » Животни стории » ФОТО: Најинспиративниот човек без раце и нозе на Хаваи со сопругата и малиот син

ФОТО: Најинспиративниот човек без раце и нозе на Хаваи со сопругата и малиот син

Ник Вујичиќ е човекот кој инспирира илјадници лица низ целиот свет. И покрај тоа што е роден без раце и нозе, 31-годишниот Австралиец со српско потекло не дозволил тоа да го ограничува и го живее својот живот до максимум.

Изминатиот викенд Ник бил фотографиран со сопругата Канае и нивниот мал син на Хаваи, за време на краток одмор по неговото учество на конференции против малтретирањето.

Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ со семејството

Фотографиите се исто толку инспиративни колку и животот на Ник. За оние кои не се запознати со неговата приказна, тој е роден со редок деформитет (тетра-амелија синдром), односно роден е без екстремитети. Вообичаено лицата со ваков деформитет не се во можност да ги извршуваат наједноставните секојдневни активности, но тој досега успеал да направи многу повеќе отколку што многумина направиле во текот на цел живот. Со огромна смелост тој сурфа, плива, игра голф, патува низ различни држави и мотивира милиони луѓе да си го подобрат животот.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Животот на Ник не бил отсекогаш толку убав. Кога бил дете, тој западнал во депресија и дури и се обидел да се самоубие.

„Бев во длабока депресија кога имав 8 години. Отидов кај мајка ми плачејќи и ѝ кажав дека сакам да се самоубијам“ – признал Ник. Две години подоцна, на 10-годишна возраст, се обидел да се удави во кадата. За среќа, не успеал.

Со помош на пријателите, семејството и вербата во Бог, Ник се извлекол од депресивната состојба.

„Кога имав 13 години во весник прочитав за хендикепиран маж кој успеал да постигне големи нешта и да им помогне на други луѓе. Сфатив дека Бог нè направил вакви за да им даваме надеж на другите. Тогаш тоа толку ме инспирира што решив да го искористам мојот живот за да ги поттикнувам другите луѓе и да им давам храброст каква што таа статија ми даде мене. Решив да бидам благодарен за тоа што го имам, а не лут за она што го немам. Се гледам во огледалото и си велам: знаеш што, светот е во право, немаш ни раце, ни нозе, но тоа никогаш нема да ми ја одземе убавината на моите очи. Сакав да се концентрирам на нешто убаво што го имав“ – објаснил Ник.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ со Новак ЃоковиќНик Вујичиќ со Новак Ѓоковиќ

Во август 2011 година тој ја побара Канае за жена, на 10 февруари 2012 нивната љубов беше крунисана со брак, а минатата година тие станаа родители.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Денес Ник ја објави својата нова книга посветена на малтретирањето и заштитата од насилниците, „Stand Strong: You Can Overcome Bullying“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.