Почетна » Новости » Животни стории » Двоен благослов: Инспиративниот маж без раце и нозе со фотографии сподели дека доби близначиња

Двоен благослов: Инспиративниот маж без раце и нозе со фотографии сподели дека доби близначиња

Ник Вујичиќ, инспиративниот маж роден без раце и нозе, стана татко на четири деца.

35-годишниот Австралиец со српско потекло доби близначки, а радосната вест ја сподели со своите фанови преку фотографии од болницата.

На нив, Ник е со сопругата Канае Мијахара и двете новородени бебенца.

„Нашиот идентичен двоен благослов од нашиот милостив и семоќен Бог!“ - напиша тој и дополна дека и мајката и бебињата се во добра здравствена состојба.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ

Во август 2011 година Ник ја побара Канае за жена, на 10 февруари 2012 нивната љубов беше крунисана со брак. Покрај близначките Оливија Мел и Ел Лорел, тие имаат две синчиња.

Ник Вујичиќ

Нивното прво синче се роди во февруари 2013 година, а второто во 2015 година.

Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ Ник Вујичиќ со семејството

За оние кои не се запознати со неговата приказна, тој е роден со редок деформитет (тетра-амелија синдром), односно роден е без екстремитети. Вообичаено лицата со ваков деформитет не се во можност да ги извршуваат наједноставните секојдневни активности, но тој досега успеал да направи многу повеќе отколку што многумина направиле во текот на цел живот. Со огромна смелост тој сурфа, плива, игра голф, патува низ различни држави и мотивира милиони луѓе да си го подобрат животот.

Ник Вујичиќ со семејството Ник Вујичиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.