Почетна » Новости » Актуелно » Првиот „Find Your Beauty by dm“ кај нас ги надмина сите очекувања: Како изгледаше единствениот beauty настан за кој картите се продадоа со неверојатна брзина?

Првиот „Find Your Beauty by dm“ кај нас ги надмина сите очекувања: Како изгледаше единствениот beauty настан за кој картите се продадоа со неверојатна брзина?

Иако календарите во овој период од годината ни се речиси исполнети, потсетникот за еден настан кој нетрпеливо го чекавме, беше неизоставен дел – единствениот Find Your Beauty каков што досега не е виден во нашата земја!

Дека убавината не мора да биде совршена за да биде силна, покажа првиот најголем beauty настан во нашата земја „Find your beauty“ кој компанијата dm го организираше на 24 мај во СЦ Борис Трајковски. Во атмосфера исполнета со насмевки, подароци, креативни работилници и инспиративни панел-дискусии и предавања, речиси илјада и петстотини посетители доживеаја автентично #скрозјас искуство.

Find your beauty Find your beauty Find your beauty

Со цел да ги израдува своите верни купувачи, но и на едно место да собере бројни соработници – вработени, инфлуенсери и медиуми, dm со овој уникатен настан постави нови стандарди на нашиот пазар.

„Овој настан го организиравме со цел да создадеме заедничко искуство кое ќе ја одрази суштината на тоа што dm ни значи сите нам – место каде инспирацијата, заедништвото и довербата стануваат едно. Среќни сме што речиси илјада и петстотини посетители имаа шанса да го откријат dm светот од нов агол преку автентични искуства и незаборавни моменти кои ќе останат запаметени, но и што избраа да ја прослават разноликоста заедно со нас и да ја поддржат #скрозјас пораката: да се сакаме себеси, без споредби. Ви благодариме што сме дел од вашиот секојдневен живот и што одново и одново го избирате dm!“ – изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации.

Find your beauty Find your beauty Find your beauty

На самиот влез, сите посетители добија посебни „пасоши“ и торба за незаборавното dm патување во текот на кое имаа прилика одблиску и во ново светло да ги запознаат своите оммилени брендови, да добијат различни совети и да дознаат трикови од професионални шминкери, но и да ја покажат својата креативност на работилниците. Шетајќи по катчињата, посетителите ја дополнуваа својата колекција на печати во пасошот и добиваа full-size подароци, а заинтересираните имаа можност да си направат балсами за усни, лосиони за тело, да цртаат, да обликуваат со глина, да изработат dream catchers, но и да дознаат кој е типот на нивната кожа, да ја дознаат идеалната боја која им стои, да се нашминкаат и да испробаат производи од дури 19 брендови: Balea, alverde, dmBio, sundance, NIVEA, L’Oréal Paris, GARNIER, MAX FACTOR, syoss, essence, AFRODITA, HADA LABO, ziaja, Neutrogena, AURA, Dove, PANTENE, bioten, Colgate.

Посебно внимание привлекоа и панел-дискусиите посветени на убавината и самодовербата и предавањето за шминкање при кое една девојка од публиката доби бесплатен makeover.

Find your beauty Find your beauty Find your beauty

dm повторно покажа дека убавината не се наоѓа во шаблоните и идеалите, туку во моментите кога создаваме, откриваме и се поврзуваме со себеси – без разлика дали преку шминка, боја, мириси или разговори со луѓето кои нѐ инспирираат. Find Your Beauty беше место на кое секој можеше да ја пронајде својата дефиниција за убавина и да ја слави без воздржување. До следната #скрозјас средба – продолжете да го избирате она што ве прави единствени!

Find your beauty Find your beauty

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.