Почетна » Новости » Актуелно » „Имаше тела насекаде околу мене“: Британец во шок откако ја преживеа авионската несреќа во која загинаа 241 лице

„Имаше тела насекаде околу мене“: Британец во шок откако ја преживеа авионската несреќа во која загинаа 241 лице

Само едно лице преживеа во авионската несреќа на Air India која се случи вчера во Индија.

Вишваш Кумар Рамеш, вели дека нема никаква претстава како успеал да ја преживее катастрофата во која животот го загубија 241 лице. Британскиот државјанин бил во шок откако успеал на нозе да го напушти местото на несреќата.

„Не знам како преживеав“ – рекол тој по несреќата.

Вишваш Кумар Рамеш

Вишваш, кој живее во Лондон со сопругата и ќерката, раскажал дека бил исфрлен пред авионот да падне и да експлодира. На докторите им рекол дека секунди по полетувањето, авионот започнал да паѓа и се разделил на половина, исфрлајќи го пред да експлодира.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

„Триесет секунди по полетувањето, имаше силна бучава и одеднаш авионот се сруши. Се случи многу брзо. Кога станав, имаше мртви тела насекаде околу мене. Бев преплашен. Станав и трчав. Имаше парчиња од авионот насекаде околу мене. Некој ме зграпчи, ме стави во амбулантно возило и ме донесе во болница“ – рекол Рамеш.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

По лекарските прегледи, докторите констатирале дека преживеаниот има повреди по телото, но е надвор од животна опасност.

Интернетот е преполн со пораки полни со сочувство за роднините на жртвите, а името на Рамеш стана симбол на чудесно спасување.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.