Клиниката е основана во 2010 година и има околу 2000 интервенции на годишно ниво ги следи најновите меѓународни стандарди, обезбедувајќи високи стапки на успех и напредни репродуктивни технологии.

Newlife IVF Greece e водечка европска клиника и е прва што доби лиценца одобрена од Грчкиот национален орган за асистирана репродукција. Нудиме целосен спектар на испитувања и третмани за плодност, вклучувајќи и многу успешна програма за донација на јајце клетки. Имаме добро воспоставена програма за меѓународни пациенти и тоа нè прави една од најпопуларните клиники за ИВФ.
Со висок процент на успешност и индивидуализиран пристап, Newlife IVF Greece претставува светла точка за сите кои бараат решение за своите предизвици со плодноста.

„Нашиот успех е во индивидуалниот пристап, затоа што секој пациент е посебен и секој случај е различен, па затоа работиме да обезбедиме најсовремена медицинска нега која е прилагодена на индивидуалните потреби. За жал, жените се одлучуваат да забременат на подоцнежна возраст, што значи намален квалитет на јајце-клетките и помали шанси за успех. Доколку навреме се направат соодветни тестирања, постои можност за замрзнување на јајце-клетките со цел зачувување на плодноста. Често доаѓаме во Скопје за да понудиме бесплатни консултации и да ги информираме пациентите за нивните опции за третман на неплодност“ - вели д-р Димитриос Довас, специјалист за неплодност и медицински директор на клиниката Newlife IVF Greece.
Клиниката нуди професионален и индивидуален пристап кон третманите за плодност, со најсовремена лабораторија и високо квалификуван тим кои добиваат поддршка 24/7 од меѓународен координатор, а третманите се достапни без дополнителни трошоци.
„Гледаме дека сѐ повеќе пациенти се одлучуваат на вонтелесно оплодување во странство од самата причина што некои третмани многу често не се достапни во Македонија, како што е тестирање на ембрионите пред правење на трансферот. Тоа дава можност да се направи анализа дали имаат некој синдроми во зависност од нивната проблематика на случајот, што е од особена важност за да знаеме како понатаму да продолжиме во нивниот процес,” вели Елена Најдоска, координатор за пациенти од Северна Македонија.
Елена Најдоска e координаторка за пациенти од Северна Македонија и нуди поддршка за пациентите на македонски јазик.

Можност одблиску да се запознаат со работата на клиниката имаа и македонските гинеколози кои на настан што се одржа во Скопје минатата недела беа информирани за најновите достигнувања во областа на репродуктивните технологии.
Повеќе за нашата клиника со најсовремени технологија, лиценцирана лабораторија, високо квалификуван тим и поддршка 24/7 од меѓународен координатор можете да видите на официјалната веб страна www.newlife-ivf.rs.
Комерцијален текст