Која храна ќе ве држи сити подолго време?
Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Која храна ќе ве држи сити подолго време?

Која храна ќе ве држи сити подолго време?

Изедете кроасан или мала порција помфрит со диетален газиран сок и нема да мине долго време пред да почувствувате нескротлив глад, и покрај тоа што сте го нахраниле телото со голем број калории. Причината е едноставна – одредени јадења го стимулираат апетитот и налеваат бензин во огнот наречен глад.

Од друга страна, многубројни се намирниците кои го полнат желудникот и заситуваат долго време. Со вистинскиот избор на храна ќе внесувате помалку калории и ќе губите килограми без да се измачувате со строга диета.

Овесна каша

За да бидете сити подолго време, збогатете ја исхраната со:

1

Овесна каша

Овесната каша е одлична за енергичен почеток на денот. Бавно се вари во желудникот, давајќи му на телото енергија подолго време. Присуството на диетални влакна помага за одржување на здрав дигестивен систем, а постојат докази дека овесната каша влијае на нивото на хормоните кои го регулираат гладот.

Освен за регулирање на шеќерот во крвта, овесната каша помага за намалување на нивото на „лош“ холестерол и во превенирањето на кардиоваскуларни болести.

2

Јајца

Вклучете во појадокот две варени јајца и без проблеми ќе останете сити до ручекот. Полни со протеини, јајцата се добри сојузници во контролирањето на апетитот.

Многубројни истражувања покажуваат дека лицата кои за појадок консумираат јајца слабеат побрзо од лицата кои го започнуваат денот со бели печива.

3

Јаболка

Јаболката содржат многу вода и растителни влакна, кои подаруваат чувство на ситост. Одлични се за контролирање на гладот помеѓу големите оброци.

Во јаболкото има и пектин, кој го спречува драстичното покачување на шеќерот во крвта кое го активира гладот.

4

Лосос

Рибата е во основата на здравата исхрана. Лососот е фантастичен избор, бидејќи содржи здрави масти кои го спречуваат кркорењето на цревата до следниот оброк.

Истражувањата покажале дека лицата кои јаделе риба се чувствувале посити од лицата кои консумирале говедско место, а освен тоа и внесувале во просек 75 калории помалку во текот на наредниот оброк.

5

Грав, грашок, леќа

Мешунките не само што го полнат стомакот, туку и го забрзуваат метаболизмот. Богати со влакна, витамини и минерали, тие се задолжителен елемент на здравата и балансирана исхрана.

6

Ленено семе

Лененото семе е одличен извор на омега-3 масни киселини и растителни влакна. Доволно е да консумирате една лажичка дневно, како додаток на свежа салата или овесна каша.

7

Авокадо

Авокадото ретко присуствува на македонските трпези, но ако сакате здрави масти и микс од неопходни витамини и минерали, треба да му дадете шанса на овој плод.

Најдоброто е што авокадото брзо заситува, па доволно е да изедете малку за да го избркате чувството на глад подолго време.

8

Бадеми, ореви, лешници

Здравото трио од протеини, масти и влакна ги прави јаткастите овошни плодови одлична ужина која заситува.

Попладневното опаѓање на енергијата најлесно можете да го спречите со еден грст сирови бадеми.

Дополнително, свежите салати од зелен зеленчук и бистрите супи помагаат за намалување на внесените калории од главниот оброк и стимулирање на чувството на ситост.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3621 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.