Како да останете на диета кога јадете во ресторан?
Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Како да останете на диета кога јадете во ресторан?

Како да останете на диета кога јадете во ресторан?

Во текот на целата седмица се храневте здраво, ниту еднаш не го прескокнавте часот по аеробик и веќе се чувствувате полесно, но доаѓа викендот и се плашите дека диетата ќе пропадне во вода. Викендот е непријател на диетите, основно затоа што луѓето излегуваат во кафеани и ресторани и си дозволуваат малку повеќе да уживаат во задоволството што го носат храната и пијалоците.

Ако сакате да водите здрав живот и да ја одржувате вашата линија, мора да се помирите со фактот дека не можете да го избегнувате повременото хранење во ресторани и треба да се научите како да правите правилен избор од менито за да го зачувате ефектот од вашата диета.

ДиетаНе гладувајте кога сте во ресторан, туку направете паметен избор на храна

Експертите нудат најразлични совети, трикови и стратегии за да им помогнат да луѓето да останат на вистинскиот пат кога вкусната мрсна храна ги искушува. Еве неколку од најпопуларните:

  1. Планирајте однапред што ќе порачате. Денес голем број на ресторани и кафеани имаат свои сајтови или Фејсбук страници каде што го објавуваат своето мени. Па, пред излегување, разгледајте што сè нудат во менито. На тој начин ќе можете да направите избор уште пред да стигнете таму.
  2. Не излегувајте од дома прегладнети. Околу 30-60 минути пред да излезете од дома, каснете мала ужина (на пример: половина шака непечени бадеми, банана, јаболко, чинија бистра супа или нискокалоричен овошен јогурт). Ако пристигнете во ресторанот прегладнети, ризикувате да се прејадете.
  3. Порачајте први. Не чекајте другите да ги направат своите порачки затоа што ќе паднете во поголемо искушение да им се придружите и да порачате нешто покалорично. Порачајте први за да не се влијаете од туѓите порачки.
  4. Започнете со вода. Додека чекате да ви биде донесено јадењето, испијте барем една чаша вода. Водата ќе ви помогне да го поднаполните стомакот и така ќе го намалите бројот на внесени калории.
  5. Ако пиете алкохол, изберете вино. Коктелите и жестокиот алкохол содржат многу калории кои без да осетите ќе ја нарушат вашата диета. Ако веќе сте се одлучиле да пиете алкохол, изберете вино. Најдобар избор е белото вино, бидејќи ќе можете да го мешате со газирана вода. Така ќе внесете најмалку течни калории.
  6. Не гладувајте. Многумина би решиле дека штом се на диета, треба само да пијат и да го прескокнат јадењето кога се излезени. Тоа е грешка. Гладувањето ќе направи да се чувствувате депримирани и ќе ви создаде фрустрации кои можат да придонесат побрзо да се откажете од диетата. Освен тоа, на телото му треба храна за да може да согорува калории.
  7. Обрнете внимание на начинот на којшто е подготвена храната. Насочете се кон јадењата кои содржат зборови како печена, на скара, варена, приготвена на пареа, а прескокнувајте ги јадењата во чиј опис има пржена или похована. Има голема разлика помеѓу пилешки стек на скара и похован стек.
  8. Изберете храна којашто најдобро се вклучува во вашиот план за диета. Голема е веројатноста ресторанот каде што сте излегле да не служи јадење кое апсолутно се поклопува со она што е вклучено во вашата диета. Но, треба да можете веднаш да се прилагодите на условите. Никогаш нема да погрешите ако порачате зелена салата, шопска салата без сирење, пилешки стек на скара или микс од зеленчуци на скара. Исто така, добар избор е и рибата или оризот со зеленчуци.
  9. Изедете половина порција. Другата половина споделете ја со пријателите или побарајте да ви ја спакуваат за дома. Уште веднаш кога ќе ви ја сервираат храната, побарајте дополнителна чинија и во неа одделете половина порција. Така нема да се искушувате да ја изедете цела.
  10. Јадете бавно и уживајте во разговорите. Џвакајте бавно и уживајте во секој залак. Не ја држете виљушката постојано во рацете. Спуштајте ја и давајте му време на мозокот да сфати колку храна сте изеле.
  11. Прескокнете го десертот. По оброкот, ставете в уста гума за џвакање или ментол бонбона за да ја задоволите желбата за нешто слатко. Но, ако не можете да одолеете и ако сепак решите да порачате десерт, најдобар избор е овошната салата, без шлаг или чоколаден прелив.

И запомнете, не мора беспрекорно да се придржувате кон вашата диета. Едно викенд уживање не треба да ве натера да се откажете од здравата исхрана. Ако сте уживале во малку повеќе храна, одете на дополнителен час по аеробик или потрчајте во паркот. Важно е да имате желба да се вратите во колосек.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 38%
  • 17%
  • 25%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 3642 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.