Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » Храна која помага да согорите повеќе калории

Храна која помага да согорите повеќе калории

Постојат одредени храни кои што ја забрзуваат работата на метаболизмот и согоруваат калории. Сакате да знаете кои е тие? Ние сме тука за да ви откриеме.

1. Млеко, житарици.
Тајни состојки: калциум, сложени јаглехидрати и влакна. Корнфлекси со млеко
Сложените јаглехидрати и влакната ја забрзуваат работата на метаболизмот, затоа што по хранењето го одржуваат ниско нивото на инсулин. Тоа е добро, бидејќи високото ниво на инсулин му праќа сигнал на телото да започне да складира масни наслаги.
Калциумот во млекото исто така го забрзува метаболизмот. Истражувањето на Универзитетот во Тенеси, покажало дека луѓето кои држат диета и консумираат меѓу 1200 и 1300mg калциум на ден, губат скоро двојно повеќе тежина од тие кои што внесуваат помалку калциум.

2. Чили феферони. Чили пиперчиња
Тајна состојка: капсаицин – супстанција во фефероните која им го дава лутиот вкус.
Лутите феферончиња го забрзуваат ритамот на срцето. Истражување направено кон крајот на 80-те години покажало дека јадењето на еден луто зачинет оброк ја забрзува работата на метаболизмот за 25%. Поново истражување пак покажало дека мажите кои консумираат кафе и оброци кои содржат црвено луто феферонче, согоруваат скоро 1000 калории повеќе од нормалното.

3. Зелен чај, кафе. Кафе
Тајни состојки: кофеин и супстанцијата EGCG (Epigallocatechin Gallate), која се наоѓа во зелениот чај.
Кофеинот го забрзува срцевиот ритам, а колку побрзо чука вашето срце, толку повеќе калории согорувате. EGCG функционира слично. Оваа супстанција им помага на мозокот и нервниот систем да работат побрзо и со тоа вие согорувате повеќе калории. Истражувањата покажуваат дека комбинацијата на кофеин и 90mg EGCG, консумирана 3 пати дневно, помага да согорите дополнителни 30 калории и тоа додека мирувате.

4. Кревко и без маснотии свинско, пилешко, говедско и мисиркино месо. Месо
Тајна состојка: протеини.
На телото му е потребна повеќе енергија да ги обработи протеините од месото, отколку што му е потребно за јаглехидратите и мастите. Тоа значи дека колку повеќе протеини консумирате, толку повеќе работи вашето тело, па така во тој процес вие трошите повеќе калории.
Истражување направено во Аризона, покажува дека луѓето кои држат диета богата со протеини согоруваат двојно повеќе калории неколку часа по хранењето, отколку луѓето кои држат диета богата со јаглехидрати.

5. Лосос, туна, сардина.
Тајна состојка: омега-3 масни киселини. Лосос
Масните киселини омега 3 влијаат врз нивото на хормонот лептин во телото. Ниското ниво на лептин го забрзува метаболизмот и вие побрзо согорувате калории. Најдобриот начин да го намалите нивото на лептин е да јадете риба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.