Почетна » Љубов и секс » Љубовни врски » 9 начини на кои љубовта го подобрува вашето здравје

9 начини на кои љубовта го подобрува вашето здравје

Љубовта е моќно чувство. Таа може да ви донесе бескрајна среќа како да сте на седмо небо, но ако сте повредени од неа или ако не ви е возвратена, љубовта ќе предизвика да се чувствувате како цел свет да ви се распаднал.

Кој не копнее да биде сакан? Кој не сака да биде заљубен? Сите луѓе знаат дека нема подобро чувство од тоа да сакаш и да бидеш сакан. Поврзаноста, блискоста и контактите кои произлегуваат од љубовта можат да ве направат посреќни, посилни и поздрави.

Големо црвено срцеЉубовта ни го подобрува здравјето на многу различни начини

Научниците долги години го истражуваат ефектот на љубовта врз здравјето и дошле до мошне интересни заклучоци. Еве некои од нив:

  1. Прегратката го намалува крвниот притисок. Доктори од Северна Каролина откриле дека прегрнувањето може да го зголеми нивото на окситоцин и да го намали крвниот притисок. Тие побарале од заљубени парови да седат блиску еден до друг и да разговараат 10 минути, а потоа да се прегрнат. Кај сите нив била забележана мала промена во нивото на окситоцин, хормон кој има клучна улога при породувањето, доењето и оргазмот, и мало намалување на крвниот притисок. А секојдневните прегратки имаат многу поголем ефект. Кај жените кои имале највисоко ниво на окситоцин бил забележан за 10mm/Hg понизок систолен притисок отколку кај жените со ниско ниво на окситоцин. Експертите тврдат дека тоа подобрување е слично како и ефектот од многу лекови за крвен притисок. Друго истражување открило дека среќните брачни партнери имаат понизок крвен притисок од луѓето кои се со статус сингл.
  2. Љубовта лечи рани. Среќната врска помага раните побрзо да заздрават. Истражувачи од медицинскиот центар на Охајо Стејт Универзитетот, на брачни парови им направиле рани од плускавици. На брачните партнери кои биле среќни, смирени и кои си ја покажувале љубовта еден кон друг, раните им зараснале побрзо отколку на партнерите кои се однесувале непријателски еден кон друг или кои биле депресивни.
  3. Љубовта ја намалува веројатноста за појава на депресија. Изолацијата и осаменоста се поврзуваат со зголемен ризик за појава на депресија. Кога луѓето се во долга врска исполнета со љубов, нивната среќа се зголемува, стануваат попозитивни и се чувствуваат значително подобро. Среќната врска ја намалува депресијата и кај мажите и кај жените.
  4. Љубовта го редуцира бројот на посети на доктор. Еден од најзачудувачките заклучоци од истражувањата за љубовта и здравјето е дека заедничкиот живот го редуцира бројот на посети на доктор. Истражувањата покажале дека брачните парови поретко имаат потреба да посетат доктор и пократко време лежат на болница. Едно од објаснувањата на експертите е дека луѓето кои се во врска подобро се грижат еден за друг и се мотивираат да водат поздрав живот, што води до поретка појава на болести.
  5. Љубовта може да го намали бројот на настинки. Истражувачите откриле дека луѓето кои имаат попозитивни емоции поретко се разболуваат од настинка или грип откако ќе бидат изложени на вируси. Љубовта го намалува стресот кој од своја страна влијае негативно на имунитетот. А кога имунитетот е намален, веројатноста луѓето да заболат од настинка и грип е значително поголема.
  6. Љубовта го намалува стресот и анксиозноста. Јасно е дека љубовта го намалува стресот. Ако сте под стрес и ја имате поддршката на човек што ве сака, многу подобро можете да се справите со ситуацијата во која се наоѓате. Истражувањата велат дека во телото на луѓето кои се во среќна врска се создава помалку кортизол (хормонот на стресот) кога се изложени на стрес. Кога станува збор за анксиозноста, интензивните чувства на заљубеност кои се појавуваат на почетокот на врската не се толку полезни како чувството на поврзаност кое се појавува во стабилните долги врски.
  7. Љубовта ја намалува болката. Истражувачи во Вирџинија откриле дека среќно омажените жени на кои им бил предизвикуван слаб електричен шок чувствувале помала болка и помал стрес кога ја држеле раката на својот сопруг, во споредба со случаите кога не ја држеле. Друго големо истражување со 127 000 луѓе покажало дека заљубените брачни партнери поретко се жалат на главоболка и болка во грбот.
  8. Љубовта го штити срцето. Љубовта не само што го намалува крвниот притисок, стресот и вознемиреноста, туку го намалува и холестеролот. На тој начин љубовта го намалува ризикот од појава на срцеви заболувања.
  9. Љубовта го продолжува животот. Отсуството на љубов и поврзаност предизвикува изолација, која го зголемува ризикот од рана смрт. Многу истражувања дошле до заклучокот дека стабилната среќна врска го продолжува животот. Најновата анализа на 148 истражувања од 7 европски држави покажала дека бракот го подобрува физичкото и психичкото здравје и го намалува ризикот од предвремена смрт.

Не е важна само љубовта кон и од партнерот. Љубовта кон семејството и пријателите, како и поврзаноста со нив, несомнено водат до среќен живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11116 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.