Почетна » Убавина и мода » Тело » Тајни за разубавување на славните убавици

Тајни за разубавување на славните убавици

Познатите холивудски убавици имаат доволно пари за да ги купат најскапите кремови на светот и да го почувствуваат ефектот на најскапите козметички третмани, но понекогаш убавината ја пронаоѓаат во евтини третмани со состојки кои се достапни за секого. Еве кои се нивните мали тајни за разубавување:

Џенифер ЛопезКетрин Зета ЏонсКамерон ДијазХали БериСинди КрафордТери ХачерЏулија РобертсНикол КидманЏенифер Лав Хјуит

Џенифер Лопез

Тајна состојка: вазелин

Џенифер Лопез можете слободно да ја наречете „Заспаната убавица“. Таа секогаш ја потенцира важноста на спиењето за надворешната убавина. Но, кога станува збор за убавината, Џеј Ло има и други адути во својот ракав. Меѓу нив е и вазелинот, кој мултиталентираната актерка и пејачка го користи за отстранување на шминката.

Како да го користите? Ставете вазелин на памучен тампон и нежно тријте ги очите.

Кетрин Зета Џонс

Тајна состојка: јагоди

Вкусните јагоди ја разубавуваат блескавата насмевка на Кетрин Зета Џонс. „Ми имаат кажано дека се природен избелувач на заби и тоа навистина успева кај мене. А освен тоа, јагодите се многу повкусни од повеќето пасти за заби“ – вели префинетата Кетрин.

Како да ги користите? Пресечете неколку јагоди на половина и со нив тријте ги забите. Или, направете паста од изгмечени јагоди, ставете од пастата на четка за заби и истријте ги забите.

Камерон Дијаз

Тајна состојка: млеко во прав

Забавната русокоса цел живот се бори со акни и поради тоа не смее да користи агресивни пилинзи, па ексфолијацијата ја прави со млеко во прав. Покрај тоа, Дијаз пие многу вода за да ја контролира појавата на акни.

Како да го користите? Навлажнете го лицето и вратот и врз кожата ставете млеко во прав. Нежно тријте со кружни движења, а потоа измијте со топла вода.

Хали Бери

Тајна состојка: кафе

Хали Бери се бори против досадниот целулит со кафе. Атрактивната актерка советува да не го фрлате талогот од утринското кафе и да го користите за зацврстување на кожата на задникот и бутовите. Бери го меша талогот со гел за туширање и со смесата ги масира проблематичните делови.

Како да го користите? Талогот од кафето можете да го измешате со гел за туширање, но исто така и со маслиново масло. Со смесата измасирајте ги засегнатите места и оставете го кофеинот да делува барем 10-тина минути пред да го измиете.

Синди Крафорд

Тајна состојка: млеко

Тајната на убавината на Синди Крафорд се крие во вашиот фрижидер. Синди прави микс од млеко и вода и со него го напрскува лицето за да ја одржи влажноста на кожата во текот на целиот ден.

Како да го користите? Измешајте половина чаша млеко со две чаши вода и претурете ја течноста во распрскувач. Прскајте ја кожата на лицето, вратот и деколтето.

Тери Хачер

Тајна состојка: црвено вино

Очајната домаќинка обожава луксузни бањи со црвено вино. „Ако не успеете да го допиете виното, наместо да го фрлите, претурете го во вашата када“ – препорачува вечно насмеаната Хачер. Виното на природен начин ја омекнува кожата и служи како нежен ексфолијант. Можеби Тери црпела инспирација од Клеопатра, која повремено го користела црвеното вино за миење на лицето.

Како да го користите? Во када полна со топла вода, налејте малку црвено вино. Запалете неколку ароматизирани свеќи и... го знаете останатото.

Џулија Робертс

Тајна состојка: маслиново масло

Актерката позната по својата широка насмевка не ја занемарува негата на рацете. За да ја омекне кожата на рацете, да ги омекне кутикулите и да го подобри изгледот на ноктите, Робертс еднаш неделно ги потопува рацете во вода со маслиново масло.

Како да го користите? Во длабок сад со топла вода додајте 2-3 лажици маслиново масло и потопете ги рацете. Оставете ги рацете да киснат 10-тина минути, а потоа измијте ги со вода и сапун.

Никол Кидман

Тајна состојка: брусница

Црвените локни на Никол Кидман добиваат засилување од моќната брусница. По миењето на косата, Никол ја прелива косата со сок од брусница за да добие поинтензивна боја.

Како да ја користите? Користете ја брусницата само ако сте црвенокоса, затоа што таа дава црвеникав сјај. Најдобро е по миењето да ја прелиете косата со природен сок од брусница без шеќер. Русокосите можат да ја подобрат бојата со сок од лимон.

Џенифер Лав Хјуит

Тајна состојка: кафе

Славните го обожаваат кафето, и тоа не само кога го пијат. Хали Бери го користи за да го победи целулитот, а Џенифер Лав Хјуит за да ѝ даде сјај на својата темно кафеава коса. „Правиш кафе, го оставаш да се излади, тоа е многу важно, а потоа го ставаш на косата“ – вели таа.

Како да го користите? Сварете кафе и исцедете го со газа за да нема талог (полесно е да користите филтер кафе). Оставете го да се излади. По миењето на косата, прелијте ја со кафето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11055 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.