Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни навики од кои треба да се откажете во 2011

Модни навики од кои треба да се откажете во 2011

Со новата година секој посакува да воведе промени во својот живот. Токму затоа американската традиција за поставување на новогодишни резолуции е толку популарна.

Додека си ветувате дека ќе престанете да пушите, дека ќе вежбате повеќе и дека ќе се храните здраво, не заборавајте да си ветите и дека ќе се откажете од некои модни навики кои влијаат лошо на вашиот стил и впечатокот што го оставате кај другите.

ШопингЖените трошат цело богатство поради импулсивното купување. Oткажете се од таа навика!

Еве што може да се најде на вашата листа на модни навики кои треба да ги оставите зад себе:

  1. „Униформа“. Многу жени кои се презафатени или кои подзаборавиле што сè имаат во својот плакар започнуваат да носат само неколку комбинации. Најчесто тоа се 4-5 комбинации на облека кои ги сметаат за добри и ги менуваат секој ден. Колку и да се убави направените комбинации, тие нема да остават впечаток на модерна личност со изграден стил ако постојано ги носите истите. За да го избегнете повторувањето, за време на викендот извадете ја целата облека што ја имате, направете различни комбинации пред огледалото и одредете си за каква прилика би можеле да ги носите. Правете го тоа редовно. Така ем нема да ги заборавите парчињата облека кои се кријат во плакарот, ем ќе имате различен изглед кој постојано ќе измамува нови и нови комплименти.
  2. Непромислен шопинг. Истражувањата покажаа дека жените трошат цело богатство поради импулсивно купување. Благодарение на развојот на маркетингот, ние жените сè почесто стануваме негова жртва. Само помислете колку пати сте си купиле нешто само затоа што ви изгледало убаво на прв поглед или затоа што имало примамлива цена, а сега ви стои неискористено. Имате цела вреќа лакови за нокти кои ќе се исушат пред да успеете да ги употребите барем по два пати? Тоа е знак дека купувате нерационално. Не ви се потребни 30 лакови за нокти истовремено, доволни ви се 5-6 различни бои. Не купувајте парче облека кое е тешко да се комбинира затоа што таквата облека најчесто завршува на дното на плакарот и останува неискористена. Кога купувате, пред да се упатите кон касата, добро размислете дали навистина ви е потребно она што го држите во рацете.
  3. Животински принт од глава до пети. Да, животинскиот принт е особено модерен и по сè изгледа дека ќе остане меѓу најпопуларните трендови и оваа година, но тоа не значи дека треба да го употребувате без граница. Леопардски фустан во комбинација со леопардски чевли и леопардска чанта воопшто не делува како модна комбинација направена од личност која има оригинален стил. Уште полошо е да започнете да комбинирате леопардски принт со принт зебра. Ставајте на себе најмногу 1-2 парчиња облека или модни додатоци со животински принт. На пример: марама и чанта или чевли и чанта.
  4. Премногу различни дезени одеднаш. Цветните дезени, дезените со точки и апстрактните дезени ќе бидат супер популарни во текот на сезоната пролет/лето 2011. Сепак, тоа не ви дава право да ги искористите сите во една комбинација. Комбинирањето на различни дезени, дури и ако сите се цветни, е многу тешко. Најбезбедното правило за комбинирање на дезени е: ако носите блуза со дезен, носете еднобојни панталони или сукња, и обратно, со цветна сукња носете еднобојна блуза.
  5. Секој ден црно од глава до пети. Црната боја е најлесна за комбинирање, па постои и непишано правило дека ако купите црно, нема да погрешите. Некои жени ова си го сфаќаат премногу сериозно и не можат да престанат да купуваат само црно. Црната комбинација навистина изгледа елегантно и визуелно намалува килограми, но ако носите црно од глава до пети секој ден, вашиот стил ќе делува досадно, дури и ако парчињата облека се со интересна кројка и по најнова мода. Почитувајте ја убавината на црната, но употребувајте и други бои за да го истакнете чувството за стил.
  6. Покажување на деколтето и нозете истовремено. Жените кои сакаат да остават добар впечаток никогаш не треба истовремено да ги разголуваат и нозете и деколтето. Ако носите кратка сукња, заборавете на блуза со изразено деколте. Никогаш не купувајте прекратко фустанче кое открива и дел од градите. И обратно, ако сакате да го покажете вашето деколте, покријте ги нозете.
  7. Несредени нокти. Ги растевте со мака ноктите и одненадеж еден ви се скрши, па си рековте дека нема да ги сечете додека не се скрши барем уште еден? Ви се излупи лакот од ноктите, но си рековте „Ајде не е страшно, за време на викендот ќе ги средам“? Грешка и грешка. Сигурно и самите можете да видите дека воопшто не изгледа убаво ако еден од ноктите е прекус, а останатите предолги. Прежалете ги и потсечете ги за сите да бидат еднакво долги. Лакот за нокти пак има за цел да ги разубави ноктите, не да придонесе да изгледаат несредени. Па, кога ќе започне да се лупи, ако немате време за маникир, само отстранете го лакот со ацетон. Ќе ви одземе само 1 минута и е стопати подобра варијанта отколку да шетате со излупен лак.

Малите промени се важни. Започнете уште денес да ги менувате работите кои знаете дека не се добри за вас.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11292 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.