Почетна » Убавина и мода » Мода » Модни додатоци – трендови за сезоната пролет/лето 2012

Модни додатоци – трендови за сезоната пролет/лето 2012

Модните додатоци за стилот се како зачините во храната – без нив сè делува некомплетно. Ќе се согласите дека и наједноставната и најздодевната модна комбинација може да се претвори во изглед кој заслужува воздишки и комплименти само со внимателно избрани модни додатоци.

Во текот на сончевата сезона, модните додатоци стануваат поразиграни, повпечатливи и позабележителни. Во продолжение следуваат најактуелните трендови кои ќе посакате да ги вметнете во својот стил.

Накит: Впечатливо враќање на обетките

Впечатливо враќање на обетките

Кога станува збор за накитот, неколку сезони наназад централното место го заземаа масивните ѓердани. Со започнувањето на пролетта започнува и големиот кам-бек на забележителните обетки. Во златна боја, со егзотични дезени, во бои на скапоцени камења, со два или три реда мониста – имате огромна слобода при изборот на стил. Дајте им шанса на вашите џамбо обетки да ја потенцираат женственоста во вашиот изглед, но сепак внимавајте да не бидат претешки за вашите уши.

Накит: Низа од белегзии

Низа од белегзии

Наредете неколку белегзии на рака за да му дадете „тежина“ на вашиот стил. Изгубете го стравот да мешате различни стилови и бои на белегзии. Сè додека вашата облека е еднобојна или во неутрални бои, нема да погрешите ако искористите белегзии во различни силни бои. Но, ако летното шаренило е присутно во вашата облека, наредете на раката белегзии во бојата која доминира во вашиот аутфит.

Накит: Ѓердани со повеќе слоеви

Ѓердани со повеќе слоеви

Тенките ѓердани кои оформуваат неколку слоеви на градите изгледаат многу елегантно и шик. Можете да комбинирате неколку ѓердани со различни должини или еден многу долг ѓердан да го намотате неколку пати околу вашиот врат. Во секој случај ќе добиете „wow“ ефект.

Очила: Мачкини очи

Мачкини очи

Магијата на ретро стилот продолжува да освојува сè повеќе обожаватели. Од стилот на 60-тите, дизајнерите се префрлија на стилот на 50-тите, а очилата тип мачкини очи сè уште се исто толку популарни колку и минатата година. Мачкиниот поглед направете го уште попривлечен преку очила чии рамки имаат интересен несекојдневен дизајн или текстура.

Очила: Рамки во боја

Рамки во боја

Може да се каже дека ова лето за очилата за сонце важи: „Колку пооткачени, толку помодерни“. Очилата со пошироки рамки во боја беа вистински хит на модните писти, па сега започнуваат инвазија и на улиците.

Очила: Кружни очила

Кружни очила

Очилата со заоблени кружни стакла кои потсетуваат на омилениот стил на Џон Ленон се меѓу стиловите кои не заслужуваат да бидат занемарени. Кај модерните „ленонки“ рамките се подебели, а пластиката е во боја или со ретро цветен дезен.

Капи: Федора шапки

Федора шапки

Федора шапките се полн моден погодок во текот на летото. Тие се одлични за да ја сокриете главата од сонцето додека сте на плажа или додека се шетате низ град. Како и претходните сезони, модерни се сите стилови, сè додека ја зачувуваат привлечната форма на Федора моделите.

Впечатливи венчиња и ластици за коса

Разубавете ја вашата фризура за една секунда со поставување на впечатливо венче или ластик во силна боја. Не е важно дали имате кратка или долга коса, венчињата се одличен аксесоар за секоја прилика. Само внимавајте на големината на украсите. Ако имате кратка коса, подобро е да искористите потенко венче со помал цвет.

Колоритни марами

Колоритни марами

Фармерки, едноставна маичка, балетанки, штосни очила за сонце и шарена марама – најдобрата комбинација за дневно излегување во текот на топлите денови. Колоритните марами кои делуваат свежо и младешки се модниот додаток кој не смеете да го игнорирате, па не чекајте и збогатете го вашиот плакар со неколку нови марами за нови авантури.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 10984 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.