Почетна » Убавина и мода » Коса » Фризури – трендови за пролет/лето 2012

Фризури – трендови за пролет/лето 2012

Во сезоната во која доминираат минимализмот и женственоста, стилистите немаа друг избор освен да се прилагодат и да постават едноставни елегантни трендови и кај фризурите. Разиграна, безгрижна, уредно фенирана со многу волумен, слободно пуштена или собрана во модифицирано коњско опавче – косата во новата сезона треба да изгледа природно, а сепак да остава впечаток.

Еве кои се најдоминантните трендови кај фризурите за топлата сезона:

Плетен и романтичен хаос

Плетената коса стана вистински хит и нè принуди да ја искористиме фантазијата за создавање на непредвидливи текстури на косата. И во наредната сезона пролет/лето слободно дозволете ѝ на вашата вештина за плетење на косата да дојде до израз, затоа што плетенките не го отстапуваат своето место меѓу трендовите.

Ледена пастелна палета

Невообичаени варијации на коњското опавче

Коњското опавче веќе не е само за во фитнес салата. Забавни варијации на класичното коњско опавче неколку сезони ги преплавуваат модните писти и улиците. Не е важно дали ќе го фатите ниско или високо на главата и дали ќе го замазните или ќе му дадете волумен, важно е да биде интересно и да има одреден елемент кој ќе го диференцира од обичното коњско опавче. Стилистите предлагаат и фризури со неколку коњски опавчиња поврзани на интересен начин. Особено популарно е коњското опавче кое е свиткано и протнато оддолу (слика 3).

Ледена пастелна палета

Урбани текстурирани прамени

Брановидните прамени кои беа актуелни во изминативе сезони сега стануваат поисправени, но сепак косата си ја задржува привлечната текстура.

Ледена пастелна палета

Гламурозен и богат волумен со фенирање

Косата со волумен доживува очекуван кам-бек. За максимален ефект, не ја тапирајте косата, туку обидете се да го добиете волуменот со фенирање со голема четка за коса. Така, вашиот изглед ќе биде поприроден, а сепак ќе зрачи со гламур.

Ледена пастелна палета

Замазнета „мокра“ коса

Идејата која се крие зад мократа коса е да изгледате како да сте излегле од морето и да сте си поминале со прстите низ косата. „Мокрите“ фризури се контра-тренд на косата со богат волумен. Иако на модните писти доминираа фризури кај кои косата беше залижана наназад, сепак во реалниот живот побезбедно е мокриот тренд да го искористите за фризури кај кои косата е собрана во клопче.

Ледена пастелна палета

Ретро стилови

Стилот од минатото е непресушен извор на идеи и за дизајнерите и за стилистите. Ретро бранови, тапиран волумен, вртени прамени од 20-тите, француски „твист“... Не дозволувајте таквите креативни идеи да останат во минатото и инкорпорирајте ги во вашиот стил за да го покачите нивото на гламур и елеганција.

Ледена пастелна палета

Венче

Женствените модни трендови ги актуализираа нежните и романтични додатоци за коса. Без оглед на должината на косата, секој може да искористи венче за стилизирање на прамените. Различните стилови можат да ви помогнат да изгледате неодоливо слатко, или забавно и креативно, или пак, секси и заводливо.

Ледена пастелна палета

Марама на глава

Не се плашите од промените и обожавате нестандардно стилизирање на косата? Тогаш трендот „марама на глава“ е токму за вас. Покажете смелост преку марами со принт, но ако не сакате да паднете во сечиј поглед, изберете марама во неутрална боја. Дури и наједноставната модна комбинација може да изгледа ултра шик ако ја надополните со интересна марама на косата. Овој штосен тренд сигурно ќе добие поголем замав на плажите во текот на летото.

Ледена пастелна палета

Долги шишки

Фризурите со шишки се омилен селебрити тренд во моментов. Многу холивудски дами внесоа промена во својот имиџ со потскратување на шишките. Пролетниот и летниот период е погоден за промени, па ако сакате да го освежите вашиот изглед, шишките со должина до под веѓите се безбедна алтернатива.

Ледена пастелна палета

Патецот... не е важно каде ќе го поставите, бидејќи во тренд се и фризурите со патец во центарот на главата и со патец поставен настрана.

За оние најхрабрите... стилистите советуваат експериментирање со бојата на косата. Но, не станува збор за осветлување или затемнување на косата со неколку нијанси, туку за бојадисување со воочливи розови и сини нијанси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.