Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ 10 најактуелни бои за сезоната пролет/лето 2012

Топ 10 најактуелни бои за сезоната пролет/лето 2012

Оптимистички, слатки, неодоливи и разиграни... боите на новата сезона се забавни, полни со ентузијазам, енергија и умерена романтика. Нежните пастелни нијанси можеби се најекспонираниот тренд кај боите за сончевата сезона, но ниту малку не треба да се занемарат веселите живи бои со кои одлично се гради трендот колор-блок. Не сте обожавателка на забележителните бои? Насочете се кон нежните корални и кремови нијанси и кон вечно модерната бела боја.

Еве кои бои и нијанси ќе ви помогнат да направите модерни комбинации:

Ледени ментол нијанси

Изгледајте свежо и деликатно во топлите денови со облека и модни додатоци во ледени ментол нијанси. Софистицираниот спој на зелената и сината е најпопуларниот избор од пастелните нијанси кои дизајнерите ги искачија на пиедестал.

Ледени ментол нијанси

Оптимистички црвено-портокалови нијанси

Портокаловата боја на одреден начин ја одбележа и минатата година, а оваа година модерната портокалова е дополнително зачинета со црвени пигменти, сè со цел да стане поатрактивна, потопла и поегзотична. Црвено-портокаловата е прогласена за боја на 2012 година, па ќе имаме доволно време за да си „играме“ со оваа драматична нијанса која потсетува на летно романтично зајдисонце.

Оптимистички црвено-портокалови нијанси

Променливи сини нијанси

Нијансите на сината не ги напуштаат креативните умови на дизајнерите и повторно царуваат меѓу трендовите. Модерната сина варира од нежно бебешко или небесно сина и нежно тиркизна, па сè до мастилесто сина.

Променливи сини нијанси

Современи „голи“ нијанси

Крем нијансите кои асоцираат на голотија пред две години се закотвија во трендовите и веднаш станаа омилени поради леснотијата со која се комбинираат со другите бои. Независно дали се доближуваат до жолтата, белата или бојата на праска, сите бежови нијанси се подеднакво привлечни и пожелни. Со нив речиси никогаш не може да изгледате нападно или вулгарно, а сепак ќе се обвиете во умерен сексапил. За да ја избегнете здодевноста и едноличноста на прекумерната употреба на кремовите нијанси, комбинирајте ги со силни ведри бои.

Современи „голи“ нијанси

Нежна розова/циклама

Експериментирајте со розовата боја и нема да погрешите. И најнежните розови нијанси и интензивните нијанси на циклама се одличен избор за збогатување на пролетните и летните комбинации.

Нежна розова/циклама

Сочна лимон жолта

Сончевата боја зрачи со топлина и радост. Иако жолтата боја ретко си обезбедува место меѓу трендовите, оваа сезона ги освои симпатиите и на дизајнерите и на модните зависнички. Модерните нијанси се протегаат од светло избледнето жолто до воочливо силно жолто како кора на лимон. За да оставите силен впечаток, искористете ја магичната привлечност на жолто-зелената боја.

Сочна лимон жолта

Шармантна боја на лавандула

Виолетовата боја редовно доаѓа на модните писти и тоа во различни изданија. Оваа сезона е дел од пастелниот тренд. Романтичните и шармантни нијанси на лавандулата можат да создадат неодоливо сладок коктел од бои кога ги комбинирате со останатите избледнети жолти и ментол нијанси.

Шармантна боја на лавандула

Моќна црвена боја

Нежните нијанси на црвената боја можете слободно да ги прескокнете и да ја зачестите употребата на моќната сексапилна црвена боја. Идеална е за моментите кога не сакате да останете незабележани.

Моќна црвена боја

Блескави златни и сребрени нијанси

Сјајните златни и сребрени бои вообичаено се поврзуваат со зимската сезона, но овој пат, под влијание на актуелниот стил од 20-тите години, го задржаа своето влијание и во текот на пролетната и летната сезона. Нивната разиграност сигурно почесто ќе биде инкорпорирана во вечерните комбинации.

Блескави златни и сребрени нијанси

Кристално чисто бело

И се разбира, топлата сезона не може да помине без белата боја. Идеална за прошетки под силните сончеви зраци, белата боја зрачи со невиност и елеганција. Комбинирајте ја со обувки и модни додатоци во силни живи бои за да ја избегнете монотонијата.

Кристално чисто бело

Изборот на Pantone

„Потрошувачите бараат од пролетта обновена енергија, оптимизам и ветување за посветол ден. Имаат научено како бојата може да им помогне да си го подобрат расположението и како може да им ги достави виталноста и ентузијазмот кои им овозможуваат да експериментираат со нови изгледи и комбинации на бои“ – изјавила Леатрис Ајсмен, извршен директор на Pantone.

Најактуелните нијанси според Pantone:

Актуелни бои според Pantone

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.