Почетна » Новости » Мода » Црвено-портокаловата е боја на годината за 2012

Црвено-портокаловата е боја на годината за 2012

Pantone ја објави бојата која ќе ја одбележи претстојната 2012 година. Бојата е егзотична мешавина од портокалова и црвена и е наречена „Tangerine Tango“. Новата хит боја има за цел да ни даде нова доза енергија и да нè исполни за да продолжиме напред.

Tangerine TangoБојата „Tangerine Tango“

„Софистицирана, но во исто време драматична и заводлива, Tangerine Tango е портокалова со многу длабочина во себе. Потсетувајќи на блескавите нијанси на зајдисонцето, Tangerine Tango ги спојува живоста и бранот адреналин на црвената со пријателството и топлината на жолтата, за да формира лесно видлива, магнетска нијанса која зрачи со топлина и енергија“ – изјавила Леатрис Ајсмен, извршен директор во Pantone.

Мила Кунис во фустан на ЛанвинМила Кунис во црвено-портокалов фустан на Ланвин

Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку во сите гранки на индустријата.

Розово-црвената беше боја на 2011 година, а тиркизната ја одбележа 2010 година.

Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, која е позната по својот систем за стандардизација на боите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.