Почетна » Новости » Актуелно » Со 860 тестирања потврдени се 78 новозаразени со коронавирус, а има и четири смртни случаи

Со 860 тестирања потврдени се 78 новозаразени со коронавирус, а има и четири смртни случаи

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 860 тестирања, а има 78 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 28
  • Куманово 5
  • Дебар 4
  • Прилеп 8
  • Тетово 4
  • Битола 1
  • Охрид 1
  • Кавадарци 2
  • Гостивар 8
  • Радовиш 1
  • Кочани 2
  • Пробиштип 1
  • Македонски Брод 1
  • Берово 4
  • Делчево 3
  • Кичево 3
  • Неготино 2
Коронавирус податоци

Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од:

  • Скопје 13
  • Прилеп 1
  • Велес 2
  • Гостивар 9
  • Кочани 2
  • Македонски Брод 3
  • Свети Николе 1
  • Кичево 9
  • Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995.

    Анкета

    Анкета
    Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
    • 13%
    • 25%
    • 62%
    Се испраќа...

    (Вкупно: 11147 гласа)

    Цитат

    Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

    Лилиен Диксон

    Виц

    Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

    На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.