Почетна » Новости » Актуелно » 89 новозаразени, 215 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

89 новозаразени, 215 оздравени и 7 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.529 тестирања, а има 89 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 39
  • Куманово 10
  • Дебар 1
  • Штип 4
  • Прилеп 8
  • Тетово 1
  • Струга 3
  • Битола 1
  • Охрид 4
  • Кавадарци 3
  • Гостивар 2
  • Струмица 1
  • Крива Паланка 1
  • Кочани 1
  • Македонски Брод 1
  • Пехчево 1
  • Берово 3
  • Валандово 1
  • Делчево 2
  • Кичево 2
Коронавирус податоци

Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од:

  • Скопје 72
  • Штип 18
  • Прилеп 2
  • Тетово 1
  • Струга 4
  • Битола 8
  • Охрид 1
  • Кавадарци 22
  • Гостивар 19
  • Гевгелија 3
  • Кочани 9
  • Пробиштип 1
  • Демир Хисар 8
  • Македонски Брод 13
  • Виница 5
  • Делчево 1
  • Свети Николе 13
  • Кичево 12
  • Ресен 1
  • Неготино 2

Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на КОВИД-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.004, бројката на оздравени пациенти е 10.722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.697.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10266 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.