• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Храната во улога на лек

26 мај 2011, 10:16
  • cподели

Природното си е природно. Понекогаш сè што треба да направите за да ја излекувате главоболката, да го намалите стресот или да ги смирите стомачните тегоби е да тркнете до кујната. Еве која храна може да влезе во улогата на природен лек:

Суво грозјеКомпириБананаТунаБосилекСок од портокалЧај од камилицаЧај од ѓумбир

Суво грозје

Против висок крвен притисок

Сувото грозје е богат извор на калиум, кој го намалува и регулира крвниот притисок.

Една шака суво грозје содржи околу 210mg калиум и 1g растителни влакна, коишто се препорачуваат од експертите против хипертензија (зголемен крвен притисок).

Компири

Против главоболка

Доволно е да изедете еден печен неизлупен компир за да ја намалите главоболката, особено ако таа се појавила поради дехидратација или ако е поврзана со консумирање алкохол.

Некои луѓе тврдат дека досадната главоболка им се намалува ако истријат парчиња компир на слепоочниците.

Банана

Против стрес и анксиозност

Нервозни сте или вознемирени? Земете една банана. Бананите се полни со калиум и Б6 и му помагаат на мозокот да произведува серотонин.

Започнете го денот со банана. Така и ќе го подобрите варењето на храната и ќе бидете посмирени во текот на денот.

Туна

Против лошо расположение

Досегашните истражувања покажале дека луѓето што редовно консумираат риба која е богата со омега-3 масни киселини многу поретко страдаат од депресија.

Исто така, туната е богата со селен, а познато е дека луѓето кои не внесуваат доволно селен се вознемирени, меланхолични и редовно уморни.

Босилек

Против стомачни проблеми

Босилекот содржи супстанции кои ги смируваат болките и грчевите во стомакот, а помагаат и против дијареја и нервозни црева.

Користете го босилекот свеж во салати и сосови или пак консумирајте го во форма на чај.

Природен сок од портокал

Против замор

Ако чувствувате дека енергијата ве напушта, исцедете си една чаша сок од портокал.

Фруктозата и витаминот Ц ќе работат заедно за да ви ја вратат силата и да ве направат поенергични.

Чај од камилица

Против горушица (киселини)

Чајот од камилица може да ја подобри работата на дигестивниот систем, да ја намали подуеноста на стомакот и да го намали присуството на гасови.

Пијте чај од камилица неколку пати дневно. Познато е дека овој чај значително релаксира.

Чај од ѓумбир

Против гадење

Многу истражувања потврдиле дека чајот од ѓумбир успешно помага при појава на гадење предизвикано од патување или утрински мачнини во текот на првите месеци од бременоста.

Дополнително, ѓумбирот помага и против дијареја.

Tags
храна
лек

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.