Почетна » Диети и фитнес » Слабеење » 7 најчести женски изговори за занемарување на диетата и вежбањето

7 најчести женски изговори за занемарување на диетата и вежбањето

Слабеењето и одржувањето на убава фигура се предизвици со кои не секој решава да се соочи. На многумина им е полесно да си пронајдат изговор со кој ќе го одложат почнувањето на диетата, придржувањето кон одреден начин на исхрана или физичката активност, отколку да останат дисциплинирани.

Жена што јаде крофнаЖените користат најразлични изговори за да го одложат слабеењето и обликувањето на телото

„Ќе се вратам во форма, само не сега. Од први ќе бидам на диета“, „Во ПМС сум, се чувствувам како гладен волк“, „Нон-стоп излегувам со пријатели, не можам да ги одбијам кога ме канат на вечера“, „Ако сум на диета, нема да можам да се концентрирам на учењето“, „Работам напорно, морам да имам енергија“... Изговори постојат колку сакате, но ако посакувате здраво и убаво тело, треба да научите да ги исфрлите од вашиот живот.

Еве кои се најчестите женски изговори за одложување и занемарување на диетата или вежбањето:

  1. „Немам време“
    Зошто е неоснован изговор? Истиот изговор можете да го употребите за шминкањето, излегувањето на кафе, гледањето на омилената серија или социјализирањето на Facebook. Но, голема е веројатноста изговорот „немам време“ да го користите само за диетата и вежбањето. Ако можете да најдете време за Facebook или за турската серија, можете да најдете време и за вежбање. Најдобро решение – вежбајте додека гледате телевизија. Што се однесува до диетата, започнете со мали промени во начинот на хранење кои нема да ви одземаат многу време. На пример, за многу пократко време ќе си направите салата отколку шпагети за вечера.
  2. „Работам/учам, морам да имам енергија“
    Зошто е неоснован изговор? И вежбањето и здравата храна даваат повеќе енергија. Мрсната и брза храна нема да ве крене на нозе како што тоа може да го направи физичката активност. Да, ригорозните диети со гладување ја намалуваат енергијата, но тие и онака не треба да бидат дел од вашите планови за слабеење. Станете наутро, повежбајте половина час и појадувајте овесна каша, јајца и овошје. Нема да можете да се пожалите на недостаток на енергија во текот на целиот ден.
  3. „Диетите се глупости, со нив се слабее само краткорочно“
    Зошто е неоснован изговор? Екстремните брзи диети носат само краткорочни резултати. Но, диетата не значи екстремност, гладување и рестрикции. Таа може и треба да биде релаксиран план за здраво хранење кој ќе можете да го практикувате долг период. Најчесто по завршувањето на строга диета жените веднаш се фрлаат на старите навики за исхрана и завршуваат со повеќе килограми отколку претходно. Токму оттаму доаѓа и одбивноста кон зборот диета. Најдобро е да воведете само такви здрави навики за хранење и вежбање кои ќе можете засекогаш да ги зачувате во својот живот. Тие нема да ви помогнат да ослабите 5 килограми за 2 недели, но со нив трите килограми кои ќе ги „скинете“ за 2 месеци никогаш нема да ви се вратат.
  4. „Во ПМС сум“
    Зошто не треба да го користите? Не може да се каже дека менструалниот циклус е неоснован изговор, бидејќи кај некои жени реално се појавува поголем глад и желба за консумација на храна богата со јаглехидрати. Но, тоа не треба да ви служи како поттик да изедете сè што ќе се ви најде на дофат. Можете да ја задоволите желбата за слатко или солено на попаметен начин. Земете неколку јагоди или парчиња исечкано јаболко и макнете ги во топено темно чоколадо. Ставете ги во фрижидер половина час и со овој вкусен десерт задоволете ја вашата желба за слатко. Ако имате криза за солена храна, направете си две чаши пуканки, но без путер. Дополнително, симптомите на ПМС се поблаго изразени кај жените кои вежбаат. Па, голема е веројатноста дека нема да чувствувате толкава подуеност и болки во стомакот ако не го прескокнете часот по аеробик.
  5. „Под стрес сум“
    Зошто е неоснован изговор? Вежбањето докажано го намалува стресот. Наместо да седите нервозни со чинија чипс во рацете, станете и извадете го стресот преку физичка активност. Стресот секојдневно е присутен во нашите животи. Ако замине едниот проблем, ќе дојде нов. Доколку не сте доволно силни да престанете да го користите стресот како изговор, никогаш нема да најдете поволно време да ја подобрите вашата форма.
  6. „Немам јадено цел ден, заслужувам богат оброк“
    Зошто е неоснован изговор? Затоа што таквото размислување (гладување) е сосема погрешно. Го прескокнавте појадокот, ручекот само го допревте и сте задоволни од себе? Но, таквото задоволство најверојатно ќе ви трае до вечерта, кога мртви гладни ќе заборавите на контролата и диетата и ќе се прејадете. А потоа, со полн стомак ќе чувствувате мрзеливост и ќе го прескокнете вежбањето. Добрата диета треба да вклучува често хранење во мали количини. На тој начин ем ќе го контролирате гладот, ем нивото на енергија ќе ви остане високо.
  7. Ми поминаа годините кога требаше да изгледам убаво“
    Зошто е неоснован изговор? Жените секогаш треба да се трудат да изгледаат убаво, и на 20 и на 50 години. Никогаш не е доцна да започнете да вежбате или да започнете нов начин на исхрана. Всушност, одржувањето на нормална тежина е многу важно за повозрасните жени, бидејќи секој дополнителен сантиметар на обемот на стомакот носи поголем ризик за здравјето.

Листата на изговори е прилично долга и секогаш на неа има простор за нешто ново и креативно како: „Ако ослабам, ќе ми се смалат и градите“ или „Мажите сакаат да фатат малку мевце, а не само коски“. Но, ништо од тоа не треба да ни биде пречка постојано да се обидуваме да го подобруваме нашето тело. Не само поради добриот изглед, туку и за подобро здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10386 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.