15 знаци дека НЕ сте го преболеле бившиот
Почетна » Љубов и секс » Сингл » 15 знаци дека НЕ сте го преболеле бившиот

15 знаци дека НЕ сте го преболеле бившиот

Љубовните разделби болат, отвораат рани кои тешко зараснуваат и предизвикуваат негативни емоции кои бавно исчезнуваат. Раскинувањето е крај на љубовна авантура што некогаш нè исполнувала и усреќувала, па нејзиното поставување во минатото не е лесно надминлив предизвик.

Девојка

Мислите дека го избришавте бившиот од своето срце? По долгите часови поминати пред огледалото, убедувајќи се себеси дека сте го преболеле и по многуте денови исполнети со лажни насмевки во обид да докажете дека сте среќни без него, можно е некои знаци сè уште да ја издаваат вашата љубов. Престанете да се залажувате себеси дека сте го преболеле бившиот и не негирајте дека тој сè уште владее со вашето срце ако:

  1. Го шпионирате на Facebook. Секојдневно го демнете на Facebook и внимателно го читате секој негов статус и коментар, со идеја во нив да откриете дека жали за разделбата и дека има намера да ви се врати. Детално ги разгледувате неговите фотографии за да видите дали има некоја нова во неговиот живот и збеснувате секогаш кога женска личност ќе му напише флертувачки коментар.
  2. Ги броите деновите поминати без него. Во еден здив можете да кажете колку месеци, седмици и денови сте разделени.
  3. Кога по стоти пат го кажувате неговото име, вашите пријателки ги превртуваат очите (особено кога како папагал повторувате дека сте го преболеле). Разбирливо, ним им е смачено да ве слушаат како тој е крив за сè и како врската полека ви се распаѓала. Нивната реакција треба да ви поткаже дека вашиот бивши доминира во разговорите. А кога толку многу зборувате за него, макар и лоши нешта, значи дека љубовните чувства сè уште тлеат во вас.
  4. Се дотерувате со надеж дека ќе го сретнете и ќе го занемите. Петок вечер е, а вие се облекувате во фустанот кој измамуваше најмногу комплименти од него, со надеж дека ќе го сретнете и ќе го потсетите што изгубил. И не ја препуштате „случајната“ средба на судбината, туку намерно ги посетувате местата на кои е најголема веројатноста погледите да ви се сретнат.
  5. Кога ќе го видите, се однесувате како забавата да е резервирана само за вас. Намерно се смеете гласно, разговарате со типови кои ви се додворуваат (особено со оној кој најмногу ја палеше љубомората кај вашиот бивши), танцувате како никогаш во животот. Се разбира, сè со цел да го убедите дека не патите по него и тој да посака да се врати во вашиот забавен живот.
  6. Како расипана лента во главата константно ги преслушувате последните разговори со него. Се надевате дека анализирањето на последните размени на зборови ќе ви открие зошто работите тргнале наопаку и дали не можеше сè да биде поинаку. Се прашувате: „Дали разделбата беше вистинската одлука?“, „Можевме ли да ја спасиме врската?“, „Требаше ли повеќе да се трудам?“, „Бев ли премногу строга?“... Тоа е знак дека негувате надеж за обновување на врската и/или дека се каете за донесената одлука.
  7. Одеднаш тој станува принц на бел коњ. Ги бришете сите негови негативни карактеристики и кога сега ќе помислите на него, тој е речиси совршен. Иако сте скршени, продолжувате да мислите колку беше забавен, шармантен и како го правеше секој момент магичен.
  8. Голтате солзи секогаш кога свири „вашата“ песна. Во очите ви навираат солзи кога и да ја слушнете песната по која ќе ја памтите врската. Тоа што успевате да ги голтнете солзите и да не заплачете не е показател дека не ве боли и дека во главата не ви се вртат незаборавни спомени споделени со него. Во таквите моменти сигурно се прашувате како може песна која некогаш ви мамела насмевки, сега да ви предизвикува солзи.
  9. Невозможно е да слушате љубовни балади без да се потсетите на него. Секогаш кога ќе ја слушнете „Someone like you“ или друга песна која е „како напишана за вас“, пред очите ви се појавува неговиот лик.
  10. Не сте имуни на „пијани“ телефонски разговори. „Во виното е вистината“. Ако сте му се јавиле на бившиот додека сте ја пиеле петтата чаша алкохол, не можете да се пофалите дека сте го избришале од мислите. Можеби следното утро ќе се чувствувате засрамено и ќе се каете, но факт е дека имате потреба да го чуете неговиот глас.
  11. Сите ги споредувате со него. Конечно решивте да излезете со шармантниот фраер кој упорно се обидува да ве освои, но во текот на средбата се „фативте“ како го споредувате со бившиот. Секогаш кога среќавате нова личност, вие всушност во неа ги барате карактеристиките на поранешниот партнер. Во вашата глава минуваат мисли од типот „Ја нема неговата харизма“, „Неговите очи беа далеку поубави“, „Иако имаат слична смисла за хумор, тој знаеше да биде позабавен“...
  12. Имате цела листа со нешта кои сакате да му ги кажете. Копнеете со него да ги споделите возбудливите, смешните, но и немилите настани кои ви се случиле откако се разделивте. Дури и помислувате: „А со кој друг би ги споделила ако не со него?“
  13. На Facebook објавувате тажни цитати и песни или „кодирани“ пораки во кои тој треба да се пронајде, а на анонимни форуми „плукате“ по него.
  14. Мобилниот телефон ви е полн со фотографии од него. Никој не вели дека треба да ги избришете фото-спомените од него, но не треба да ги чувате блиску до очите.
  15. Вашето срце се растреперува од секое ѕвонење на телефонот. Доколку во главата ви минува мислата „Дали е тој?“ додека трчате кон мобилниот телефон, дефинитивно не сте готови за да го закопате во минатото. Колку и да сакате да изгледате силни пред другите, во себе таите надеж дека можеби ќе се јави и сè ќе биде исто како порано.

Анкета

Анкета
Сметате ли дека е добра мерката за задолжително носење на заштитна опрема на лицето (маска, шал)?
  • 64%
  • 36%
Се испраќа...

(Вкупно: 6554 гласа)

Цитат

Можеш да ги исечеш сите цвеќиња, но не можеш да ја спречиш пролетта да дојде.

Пабло Неруда

Виц

Се качувам на вага по завршувањето на карантинот.

Вагата покажува: „Ве молам почитувајте социјално дистанцирање. Качувајте се еден по еден!“