Почетна » Љубов и секс » Сингл » 10 знаци дека сте го преболеле бившиот

10 знаци дека сте го преболеле бившиот

После толку многу солзи и разговори со пријателките, еден ден ги отворате очите и мислите дека тој веќе не е во вашето срце. Дали навистина е така? Дали можете да продолжите понатаму без болка и тага кога ќе помислите на него?

Вие навистина сте надвор од депресијата по раскинување ако:

Жена што се забавува
Одличен знак дека го преболевте бившиот е ако повторно излегувате, се забавувате и ви се допаѓаат други луѓе.
  1. Веќе не слушате депресивна музика и слаткото не е постојано на вашето мени.
  2. Не разговарате со неговите пријатели само и само да дознаете што прави тој.
  3. Не го споменувате него во секој разговор со пријателките.
  4. Не одите намерно на места каде што мислите дека ќе го сретнете.
  5. Не ги чувате слатките пораки од него во вашиот мобилен.
  6. Не се обидувате да го направите љубоморен, кога знаете дека е во ваша близина.
  7. Започнуваат да ве привлекуваат нови луѓе, излегувате, се забавувате и не мислите постојано на него.
  8. Кога ќе слушнете дека веќе е со некоја друга, не се вознемирувате.
  9. Не го читате хороскопот за неговиот знак.
  10. Кога ќе го сретнете се поздравувате пријателски и не се обидувате да „врзете“ долг разговор.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11183 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.