Топ 10 трендови кај чантите – пролет/лето 2012
Почетна » Убавина и мода » Мода » Топ 10 трендови кај чантите – пролет/лето 2012

Топ 10 трендови кај чантите – пролет/лето 2012

Чантите се модниот додаток без кој многу жени не би го поминале куќниот праг, затоа што тие имаат моќ значително да влијаат на целосниот изглед. За сезоната пролет/лето 2012 трендовите ја редуцираат големината на модерните чанти. Најатрактивни се малите чанти во весели или нежни пастелни бои или со креативни принтови. Егзотичните кожи продолжуваат да си ги зголемуваат фановите, а модерни елементи се и долгите синџирчиња и страничните рачки.

Еве кои стилови, модели и елементи присуствуваат во најактуелните колекции за сезонава:

Пастелна нежност

Пастелна нежност

Романтичноста на пастелните нијанси влијае магично во текот на оваа сончева сезона. Од облеката пастелните бои се префрлија на модните додатоци, а чантите обоени со нив никогаш не делувале попрефинето и поелегантно. Некако и нема да е важно каква е формата или текстурата на чантата, затоа што сè додека е во нежна розова, сина, ментол, жолта или боја на лавандула, таа дефинитивно ќе се вбројува во модерните.

Колор-блок голема плик чанта

Колор-блок голема плик чанта

Продолжува да освојува трендот кој крши модни правила – колор-блокингот. Модерните плик чанти за оваа сезона пораснаа во големина и го присвоија трендот обојување на различни делови во различни бои.

Микс со егзотична змиска кожа

Микс со егзотична змиска кожа

Змискиот принт и текстурата на змиската и крокодилската кожа остануваат популарен тренд меѓу дамите кои обожаваат луксуз во поегзотична форма.

Бидејќи актуелна е играта со бои, дезени и текстури, најдобар избор се чантите кај кои егзотичната кожа е присутна само на одредени делови, а останатиот дел од чантата е во друга боја. Не помалку актуелни се и чантите кои ја имаат текстурата на крокодилска кожа, а се обоени во пастелни нијанси.

Бела чанта со дамска форма

Бела чанта со дамска форма

Женствените чанти со правоаголна и трапезоидна форма кои го зачувуваат духот на ретро стилот, се тренд којшто Диор, Прада и Луј Витон го издигнаа на пиедестал. И навистина вреди да се следи, особено кога дамскиот изглед е искомбиниран со белата боја.

Белите чанти очекувано си ја зголемуваат популарноста во текот на летните денови. Нивната привлечност станува уште поголема и затоа што може да се вклопат во речиси секоја комбинација.

Неонски акценти

Неонски акценти

Колку и да сакате, нема да можете да ги игнорирате силните бои. Тие се неизбежни при креирањето на модерни комбинации. Ако силните неонски бои ги избегнувате во вашата облека, искористете ги преку модните додатоци.

Мини чантичките во силна неонска боја и големите чанти со неонски акценти се подеднакво добар избор.

Мини чанта за на рачниот зглоб

Мини чанта за на рачниот зглоб

Мини чантичките што потсетуваат на паричник, а кои имаат каиш за да се носат на рачниот зглоб, без голем „бум“ се протнаа во трендовите. Идеални се за жените кои сакаат со себе да носат само минимален број лични предмети.

Чанта со синџирче

Чанта со синџирче

Шанел можеби беше брендот кој ги популаризира, но чантите со синџирче прераснаа во тренд кој денес никој не може да го турне од подиумот. Независно од големината на чантата, синџирчето е пожелно затоа што го прави секој модел погламурозен.

Добрата страна кај најголем дел од чантите со синџирче е што има можност тоа да се извади или прибере внатре, па чантата лесно придобива нов изглед.

Чанта со странична рачка

Чанта со странична рачка

Да, чантите со странична рачка беа изненадување на модните писти, но беа толку многу присутни што едноставно не може да бидат игнорирани. Можеби идејата за странична рачка се роди оттаму што неколку сезони најмодерни се чантите кои се носат в рака, па ваквата рачка е еден вид практично помагало.

Во секој случај, станува збор за интересен тренд кој може да се сфати како моден новитет.

Мала чанта за на рамо со ретро изглед

Мала чанта за на рамо со ретро изглед

Чантичките со долг каиш за преку рамо отсекогаш си наоѓале место меѓу трендовите, но во текот на последните неколку сезони се вистински хит.

Најпосакувани се чантичките во ретро или винтиџ стил.

Впечатливи принтови

Впечатливи принтови

Колку пошарено, толку подобро. Оставете чантата да ја внесе динамиката во вашиот аутфит со тоа што ќе изберете нестандарден принт кој ќе ве издвојува од другите и на одреден начин ќе зборува за вашата уникатност.

Анкета

Анкета
Дали си го променивте однесувањето во врска со ракување, миење на рацете, допирање на лицето и одржување на социјална дистанца во услови на коронавирус?
  • 95%
  • 5%
Се испраќа...

(Вкупно: 3600 гласа)

Цитат

Не патуваме за да избегаме од животот, туку за животот да не ни избега нам.

Анонимен

Виц

Мажите со брада во 1819 година:

- Ќе ја убијам оваа мечка со голи раце!!!

Мажите со брада во 2019 година:

- Органски ли е овој крем за раце?