Како да си ја вратите желбата за интимност кога сте нова мајка?
Почетна » Семејство » Брак » Како да си ја вратите желбата за интимност кога сте нова мајка?

Како да си ја вратите желбата за интимност кога сте нова мајка?

Ако сте како повеќето нови мајки, најверојатно целата своја енергија ја насочувате кон вашето бебенце. Во периодите кога се борите со дополнителната тежина од бременоста и кога изморени давате сè од себе да бидете најдобра мајка, може да се случи да започнете да гледате на вашиот сопруг како на пријател со кого некогаш сте го делеле креветот. Љубовта од страсна да премине во платонска.

И никој не може да каже дека имате вина за тоа. Со новото бебенце доаѓаат нови обврски и останува помалку време за партнерот.

Сепак, не треба интимноста со сопругот да биде последно нешто на вашата листа со приоритети. Малите моменти се важни за да ја одржите врската силна во периодите кога сте нова мајка и со тек на време да си ја вратите страста во вашиот интимен живот.

Брачен парРазговорите и искористувањето на времето додека вашето бебе спие ќе ви помогнат да си ја вратите интимноста во врската
  • Заборавете на тежината. Тежината добиена во текот на бременоста е голем проблем за повеќето нови мајки. Тие дополнителни килограми може да делуваат како убиец на самодовербата, но и на сексуалниот живот. Во таквите моменти добро е да се потсетите дека тоа е нормално за сите мајки и дека не треба да дозволите тоа да се исправи како пречка помеѓу вас и вашиот сопруг.
  • Не пропуштајте да се одморите. Колку и да сакате да бидете поинтимни со својот партнер, ако не сте одморени, сексот ќе биде последното нешто што ви паѓа на ум. Освен тоа, недоволниот сон го намалува либидото. Искористете го времето додека вашето бебе спие за да се одморите.
  • Започнете повторно да излегувате со сопругот. Без разлика колку сте зафатени, еднаш неделно можете и треба да си одделите време за неколкучасовен состанок со вашиот сопруг. Побарајте од својата мајка, свекрва или сестра да дојде да го почува вашето бебе неколку часа, а вие излезете. Не е многу важно како ќе го потрошите времето (кино, вечера, театар, прошетка), но важно е да поминете малку време насамо.
  • Направете си состанок дома. Треба да знаете да ги користите моментите кои ги имате на располагање. Кога вашето најмило ќе заспие, добивате барем неколку часа што можете да ги поминете заедно со вашиот сопруг. Од време на време одолејте му на искушението веднаш да се спружите в кревет и останете да разговарате очи в очи или да се погушкате пред телевизорот. Дури и половина час е доволен за да ја зачувате поврзаноста. Во такви услови многу е поголема веројатноста дека ќе сакате да бидете поинтимни со партнерот.
  • Гледајте филм или играјте некоја игра. Нема подобар начин да се опуштите од тоа да се исклучите накратко од реалноста. Направете пуканки и прегрнати седнете пред телевизорот за да го изгледате последниот филмски хит. Можете и да играте некоја игра, на компјутер или пак со карти. Важно е да ви биде забавно, да се смеете, а смеењето несомнено ќе ви дејствува како афродизијак.
  • Создадете мали семејни ритуали. Доколку временските услови се поволни, секој ден одете на прошетка со сопругот и вашето најмило. Физичката активност ќе ви помогне да се чувствувате подобро, да симнете дел од непосакуваните килограми, а и ќе имате време да поразговарате со вашиот сопруг.
  • Најдете си време за себе. Не правете сè апсолутно сами. Препуштете му дел од грижата за бебето на вашиот сопруг. Додека тој ги менува пелените, вие опуштете се на креветот. Додека тој го чува вашето малечко, вие посетете го омиленото фризерско студио. Неверојатно е колку тие моменти се важни за вашата самодоверба и релаксација. А кога ќе бидете среќни и задоволни, повторно ќе ја побарате неговата прегратка.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 40%
  • 14%
  • 25%
  • 21%
Се испраќа...

(Вкупно: 9729 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.