Почетна » Семејство » Бебе » Удобен и безбеден сон за вашето бебенце

Удобен и безбеден сон за вашето бебенце

Како мајка, сигурно постојано се прашувате дали на вашето бебенце му е удобно додека спие, дали му е доволно топло, дали може слободно да дише... Нормално е да ви се вртат сите тие прашања, затоа што сакате вашето најмило да е безбедно и удобно да патува во светот на слатките соништа.

Слатко бебенце
Вашето најмило треба да спие во темна соба, во која не се пуши и на температура еднаква или пониска од 19°C.

Ако ги следите следните 10 правила, можете да бидете сигурни дека вашето бебе ќе спие мирно, безбедно и удобно.

  1. Не го легнувајте на стомак. Порано се препорачуваше оваа положба, но сега сите експерти препорачуваат да го легнувате бебето да спие на грб. Така го намалувате ризикот од синдромот на ненадејна смрт на новороденче (SIDS). Бебето нема сила да мрда ако е поставено на стомак и може да се задуши. Ако го оставите вашето бебенце да спие на грб, тоа може слободно да дише. Откако ќе достигне шестмесечна возраст, бебето веќе може да спие во било која позиција.
  2. Креветчето треба да има преграда или решетки додека бебето не наполни 2 години. Ако креветчето на вашето најмило има решетки, проверете дали растојанието помеѓу нив е доволно мало, т.е. не треба да биде поголемо од 6cm. Така бебето нема да може да ја провне главата меѓу нив.
  3. Изберете дрвено креветче. Тоа ќе ја намали веројатноста од респираторни алергии.
  4. Душекот треба да биде тврд и идеално да одговара на креветчето. Ако душекот е помал, ќе останува празен простор во кој може да падне вашето бебе.
  5. Ставете го веднаш до вашиот кревет. Во првите неколку недели, сигурно ќе ви биде страв да го оставите бебето само, па затоа можете да го ставите креветчето или лулката веднаш до вашиот кревет.
  6. Не ставајте перници и повеќе ќебенца во креветчето. Бебињата лесно можат да се задушат со перничињата или да се затрупаат под ќебињата и да не можат да се ослободат.
  7. Додека е мало, повивајте го во ќебенце. Во првите три месеци, повивајте го бебето во ќебенце. Така ќе се чувствува како да е во утробата и ќе му биде топло.
  8. Одржувајте ја температурата во собата еднаква или пониска од 19 °C. Ако е премногу топло, ќе се покачи телесната температура на бебето, а тоа може да биде штетно. Проверувајте ја температурата во собата со термометар.
  9. Не пушете во куќата. Пасивното пушење е многу штетно за здравјето на новороденчето, затоа што може да се појават респираторни проблеми во текот на ноќта.
  10. Одржувајте ја собата темна. Додека се многу мали бебињата не прават многу разлика дали е светло или темно и спијат без разлика на светлината. Но, како што растат светлината започнува да е проблем. Ако имате проблеми со спиењето на вашето бебе, осигурете се дека тоа спие во максимално темна соба. Можеби тоа е причината за непреспаните ноќи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10387 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.