Почетна » Семејство » Бебе » 24 промени кои настапуваат во животот на новите мајки

24 промени кои настапуваат во животот на новите мајки

Децата се драгоцен дар. Нивното раѓање означува почеток на ново поглавје од вашиот живот, исполнето со предизвици, силни емоции кои не сте ни замислувале дека постојат, бесценети насмевки, секојдневни изненадувања и незаборавни спомени.

Бебе

Кога мало бебенце ќе застане во центарот на вашиот свет, сè се менува. Еве кои промени можете да ги очекувате на почетокот на мајчинството:

  1. На должност сте 24 часа, 7 дена во седмицата. Со породувањето добивате ново работно место со непрекинато работно време, а вашиот распоред ќе биде диктиран од биоритамот на вашето бебе.
  2. Ќе бидете поуморни отсекогаш, но ќе откриете внатрешна сила која не сте знаеле дека постои. Ќе научите да функционирате со многу малку сон и секогаш кога ќе почувствувате како малите рачиња го стегаат вашиот прст, ќе добивате огромна сила да продолжите напред.
  3. Почитта и љубовта кон вашата мајка ќе го достигнат врвот. Дури откако ќе добиете свое дете ќе можете да ја разберете потполно љубовта на мајка ви кон вас. Ќе го сфатите значењето на зборовите „Никој никогаш нема да те сака како што те сакам јас“, затоа што сега и вие ќе го чувствувате истото. Не постои ништо повозвишено од мајчинската љубов.
  4. Дури и досега да бевте бестрашни, сега често ќе се плашите. Ќе започнете да го гледате светот со мајчински очи. Тој ќе стане пострашно и поопасно место, затоа што вашето беспомошно бебенце ќе биде во него. Ќе започнете да се грижите повеќе за безбедноста во вашиот дом. Пред да си легнете и по неколкупати ќе проверувате дали ја заклучивте вратата, а еден мал пајак или непозната бубачка ќе ве фрлаат во паника.
  5. Поретко ќе се гледате со пријателките кои немаат деца. Одненадеж темите на кои вие ќе сакате да разговарате нема да се поклопуваат со актуелните теми на пријателките. Нема да ви биде особено интересно да слушате за плановите за петочната забава, додека вашите мисли талкаат низ процесите на менување пелени и избор на најдобра бебешка козметика и храна.
  6. Ќе ги откачите засекогаш пријателите кои само ви го отежнувале животот. Нема да сакате да трошите ниту секунда за луѓе кои ве растажуваат или искористуваат. До вас ќе има нешто бесценето кое ќе ја заслужува целата ваша енергија.
  7. Ќе ја запознаете првата пријателка-мајка, а потоа ќе направите пријателски круг на мајките. Неверојатно е колку брзо можете да се поврзете со одредена личност и да оформите пријателство само затоа што имате новороденче во исто време. Одеднаш мајките околу вас ќе започнат повеќе да ви се насмевнуваат и да ве канат на средби, а паркот ќе стане најубавото место за ширење познанства.
  8. Ќе научите дека какањето, менувањето пелени и првото запче, може да бидат теми за неисцрпни и многу долги разговори.
  9. Нема да ви смета да си легнувате во 20 часот во петок навечер. Петочното излегување ќе ви изгледа бесмислено, а сонот понеопходен од кога било досега.
  10. Сексуалниот живот ќе паузира неколку седмици или месеци. Многу фактори ја намалуваат желбата за интимност на новите мајки и татковци.
  11. Но, ќе го почитувате и сакате партнерот на сосема нов начин, а и тој вас. Ќе се потпирате на саканиот повеќе отсекогаш. Улогите на мајка и татко ќе создадат нераскинлива врска помеѓу вас.
  12. Најлудата ваша забава ќе вклучува гледање филм во домашна атмосфера. Се разбира, ако успеете да ги зачувате очите отворени барем до средината на филмот.
  13. Ќе мислите на некој друг пред да помислите на себе и тоа милион пати секој ден. Со отворањето на очите едно мало човече ќе се вгнездува во вашите мисли и ќе станува приоритет.
  14. Ако досега можевте да направите сè сами, сега ќе ви биде потребна помош. Секојдневните обврски нема да бидат така лесни, бидејќи ќе треба да бидат извршувани паралелно со грижата за вашето најмило, што никако не е едноставна задача. Ќе се научите на мултитаскинг и ќе станете неверојатно организирани, но сепак ќе ви биде потребна помош од најблиските.
  15. Нема да ви биде толку важен надворешниот изглед. Не можевте да си замислите да излезете од дома без шминка? Со доаѓањето на бебето тоа ќе се промени, затоа што доаѓаат нови приоритети, но и голема доза на самодоверба.
  16. Немилите настани и несреќи за кои ќе слушате ќе ве допираат многу повеќе од претходно. Не се изненадувајте ако солза ви потече по лицето кога на вестите ќе чуете за сообраќајна несреќа во која згаснал млад живот.
  17. Ќе ги разбирате сите пријатели на Facebook кои ве преплавувале со фотографии од своите деца. Нема да ве иритираат милионите постови „Да си мајка е најубавото нешто на цел свет“ и „Децата се најголемиот дар“, како и фотографиите со бебиња. Сите нови родители сакаат да се пофалат со најголемиот успех во својот живот – бебето.
  18. Ќе сочувствувате со мајките чии деца бесно плачат во јавност, наместо да ги обвинувате дека не знаат како да ги контролираат.
  19. Конечно ќе ја совладате уметноста на трпението. Ќе ви стане јасно дека расплаченото бебе го смирува само љубов и спокојно однесување.
  20. Често ќе пеете, иако претходно сте биле музички антиталент и не сте пееле ни кога сте биле сами. Сакале или не, ќе пеете приспивни песни и ќе уживате додека го правите тоа.
  21. Ќе се убедите дека туѓата болка може да боли повеќе од сопствената. Доволна е една мала настинка за да заплачете со вашето мало и да почувствувате грутка во грлото каква што никогаш не сте имале.
  22. Ќе сфатите дека вредат сите стрии и вишок килограми. Еј, па вие донесовте на свет нов живот. Не постои ништо на вашето тело што може да ве натера да зажалите за тоа.
  23. Доволна ќе биде една мала насмевка за да ви се разубави и најужасниот ден. А кога од таа насмевка ќе започне да ѕирка првото запче, сè друго ќе ви изгледа неважно и занемарливо.
  24. Ќе започнете да верувате во љубов на прв поглед и ќе запознаете мала личност со која можете и сакате да ја поминете секоја минута до крајот на животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.