Почетна » Здравје » Совети за здравјето » 12 мали брзи совети за подобро здравје

12 мали брзи совети за подобро здравје

Грижата за здравјето не се состои само од консумирање на здрава храна и витамини, туку зависи и од малите навики во нашето секојдневие.

Девојка со цвеќињаСвежите цвеќиња ја зголемуваат енергијата и го подобруваат расположението

Често не е потребно многу време за да направите нешто што ќе ви донесе подобро емотивно, психичко или физичко здравје. Еве неколку такви мали совети кои без проблеми можете да ги примените во вашиот живот:

  1. Носете ниски штикли. Штикла со висина од 3 до 5 сантиметри нема да ви создава болка во нозете, ќе ги издолжи визуелно нозете за да изгледаат подобро и ќе ви го подобри сексуалниот живот затоа што ги зајакнува мускулите „таму долу“.
  2. Освежете се под тушот. Иако топлиот туш делува попримамливо, ладниот ви носи поголема корист. Завршете го туширањето со ладна вода. Со тоа веднаш ќе добиете повеќе енергија, ќе си го подобрите расположението, а и ќе ја разубавите вашата кожа.
  3. Наполнете вазна со свежи цвеќиња. Истражување на Универзитетот Харвард покажало дека луѓето кои секое утро гледале свежи цвеќиња имале повеќе енергија во текот на денот.
  4. Измерете си го обемот на половината. Земете метро и ставете го над колковите, на ниво на папокот. Метрото треба да биде паралелно на подот. За време на мерењето дишете слободно, без да го собирате стомакот. Измерениот обем не треба да надминува 88 сантиметри (за жени). Сè што е повеќе од тоа го зголемува ризикот од појава на дијабетес тип 2, висок крвен притисок, висок холестерол и срцеви болести.
  5. Не користете средства за чистење со распрскувач. Истражувањата покажале дека луѓето кои користат средства со распрскувач го зголемуваат ризикот од појава на астма.
  6. Перете ги чаршафите минимум на 60°C. На чаршафите се собираат микроорганизми кои можат да ја иритираат чувствителната кожа, да предизвикаат алергии и астма и во некои случаи да ја влошат егземата. Затоа, секогаш перете ги чаршафите за спиење барем на 60°C.
  7. Истегнете се. Не мора да правите цела серија стречинг вежби, едноставно наведнете се нанапред и со прстите на рацете обидете се да го допрете подот. Ако сте пофлексибилни, држете ги колената прави, но ако чувствувате преголемо затегнување на мускулите на нозете, тогаш малку потсвиткајте ги. Потоа исправете се. Повторете го истото 3 пати. Со оваа едноставна вежба ќе си ја подобрите циркулацијата, ќе ја намалите болката во долниот дел на грбот и ќе го намалите негативниот ефект на долгото седење.
  8. Мислете на саканиот. Експертите советуваат дека е доволно свесно да мислите на вашиот сакан 30 минути дневно за да си го подобрите психичкото и емотивното здравје. Негувањето на чувството за љубов го стимулира мозокот.
  9. Направете си мала сесија бакнување. Бакнувањето го редуцира стресот, го подобрува денталното здравје, ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем и работата на белите дробови, а може да помогне и при појавата на алергии. Затоа, правете си барем 15-минутна сесија за бакнување секој ден.
  10. Освежете ја кожата со сок од портокал. Се разбира, не треба да ставате сок на кожата, туку да го испиете. Витаминот Ц кој го има во природниот џус помага да ја разубавите кожата, да ја намалите сувоста и во одредена мера да ја заштитите кожата од брчки.
  11. Проверете си ја кожата на главата. Косата може да скрие опасни бемки или други абнормални појави на кожата. Од време на време проверувајте си ја кожата на главата и ако забележите нешто невообичаено, консултирајте се со специјалист. Експертите предупредуваат дека често поради косата овие проблеми не се откриваат навреме за да може лекувањето да биде ефективно.
  12. Насмевнете се. Макар и да не ви е до смеење, насмевнете се и веднаш ќе почувствувате како вашето расположение се подобрува. Научниците тврдат дека не само што смеењето има моќ да лекува, туку и ве прави попривлечни. Истражувањата покажале дека гледањето во насмевнати лица ни носи иста стимулација како кога добиваме 18 000 евра.

Коментари (4)

11:31, 03 јуни 2011г. #
:D interesno
00:12, 07 јуни 2011г. #
ubavi soveti
22:13, 10 јуни 2011г. #
Баш закон :D
13:01, 11 јули 2011г. #
Super soveti.... 12 najmnogu go praktikuvam haha :D

Напишете коментар

Треба да се најавите за да можете да испраќате коментари.
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.

busy
Реклама

ПРЕПОРАЧАНО од FACEBOOK

Анкета

Анкета
Во вашиот плакар доминираат:
  • 42%
  • 58%
Се испраќа...

(Вкупно: 9912 гласа)

Цитат

Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени му должат многу.

Мерилин Монро

Виц

Жената му се јавува на мажот:

– Каде си?

– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?

– Аууу, да!

– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.

Site Meter