Почетна » Диети и фитнес » Фитнес » 7 лесни вежби за секси стомак

7 лесни вежби за секси стомак

Здосадено ви е да правите обични стомачни вежби за да го обликувате вашиот стомак? Ви предлагаме неколку едноставни и лесни вежби кои без многу напор ќе ви овозможат да го зацврстите средниот дел на телото и подготвени да ја дочекате летната бикини сезона.

Вежба за секси стомакЗастанете исправени. Стапалата поставете ги на ширина на рамената. Рацете исправени подигнете ги над главата, така што дланките да се насочени една кон друга. Започнете да се наведнувате нанапред додека го подигате десното колено кон градите (како на сликата). Приближете го коленото колку што можете поблиску до градите, а потоа вратете се во почетната положба. Повторете ја вежбата, но овој пат подигнете го левото колено. Направете 20 наизменични повторувања. Вежба за секси стомакИсправете се, стапалата поставете ги на ширина на рамената, малку потсвиткајте ги колената и потпрете ги дланките на колковите. Подигнете го десното колено на висина на колковите, така што да ви биде свиткано под агол од 90°. Потоа, исправете ја десната нога, започнете да ја носите петицата кон подот, а горниот дел од телото наведнете го наназад (како на сликата). Исправете го горниот дел од телото, а коленото вратете го на висина на колковите. Без да ја спуштате десната нога на подот, повторете ја вежбата 5-7 пати. Направете исто толку повторувања и со левата нога. Вежба за секси стомакЛегнете на подот и раширете ги рацете и нозете, така што телото да ви образува Х форма. Во исто време подигнете ги рацете, нозете и главата десетина сантиметри од подот (како на сликата). Останете во таа положба додека не изброите до 5, а потоа спуштете се на подот. Повторете ја оваа вежба 7 пати. Вежба за секси стомакЗемете во рацете мал тег или шише полно со вода. Застанете исправени, доближете ги нозете една до друга и испружете ги рацете високо над главата така што со дланките да ги држите краевите на тегот или шишето. Многу бавно започнете да се наведнувате налево (како на сликата). Задржете се во таа положба 1-2 секунди, а потоа исправете се. Повторете го наведнувањето и на десната страна. Направете 20 наизменични повторувања. Вежба за секси стомакЗемете два мали тега (1-2 килограми) или наполнете две мали шишиња со вода. Застанете исправени и стапалата поставете ги на ширина на рамената. Подигнете ги рацете настрана, така што лактите да ви бидат свиткани под агол од 90°. Надлактицата треба да ви биде на висина на рамената, а дланките насочени нанапред. Наведнете го горниот дел од телото налево (како на сликата). Потоа исправете се без да ги спуштате рацете. Повторете го истото на десната страна. Направете 10-12 наизменични повторувања. Вежба за секси стомакИсправете се и дланките на рацете поставете ги на тилот. Подигајте го десното колено нагоре додека надколеницата не ви стане паралелна на подот (коленото треба да биде свиткано под остар агол). Додека го подигате коленото, истовремено треба да го свртите горниот дел од телото надесно (како на сликата). Потоа, спуштете ја ногата на подот и свртете се нанапред. Повторете ја вежбата на другата страна. Направете вкупно 20 наизменични повторувања. Вежба за секси стомакЗастанете исправени и поставете ги дланките зад главата. Подигнете го десното колено надесно така што ќе го држите свиткано под агол од 90°, а истовремено наведнете го надесно и горниот дел од телото. Приближете ги десното лакто и десното колено колку што можете поблиску едно кон друго (како на сликата). Потоа, вратете се во првата положба. Повторете ја вежбата на обратната страна. Направете 20 наизменични повторувања.

Ако сте почетничка, изберете 3 вежби и во текот на една недела правете ги само нив. При секој нареден тренинг, додавајте по една нова вежба.

Иако вежбите се лесни, тие ги активираат сите мускули на стомакот и половината, па без многу напор ќе успеете да добиете стомак со кој ќе се гордеете.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9511 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.