Кога бевте мали, сигурно вашата мајка постојано ви повторуваше дека појадокот е најважниот оброк во денот. Иако таа реченица ви е врежана во главата, веројатно често ви се случува наутро брзајќи да летнете низ врата без да ставите нешто в уста, или пак, велејќи си дека со прескокнување на појадокот ќе заштедите некоја калорија, да гладувате до ручек.
Секое прескокнување на појадокот е грешка која го засегнува и вашето здравје и вашиот изглед.
Појадокот е најважниот оброк во денот
Но, зошто е појадокот толку важен? Еве ги најубедливите причини поради кои треба да појадувате секој ден:
Појадокот не само што го снабдува со енергија вашето тело, туку го храни и вашиот мозок. Докажано е дека децата кои редовно појадуваат имаат подобри резултати на тестовите на училиште, а возрасните се попродуктивни на работа.
Ако цело утро зјапате во екранот од мониторот без да исполните ниту една задача, тогаш причината за вашата непродуктивност можеби се крие во тоа што сте го започнале денот со две чаши кафе наместо со обилен здрав оброк.
Јадењето наутро ја подобрува концентрацијата и ја зголемува способноста за фокусирање. Веројатно имате почувствувано дека е тешко да се сконцентрирате додека ви кркори стомакот.
Луѓето кои го започнуваат денот со појадок имаат повеќе енергија и можат да издржат поинтензивна физичка активност. Тоа значи дека ако појадувате, поголема е веројатноста да го издржите напорниот час по аеробик и полесно да го оформувате вашето тело.
Луѓето кои појадуваат го зголемуваат нивото на серотонин во мозокот, што резултира со чувство на благосостојба. Ако не појадувате, поголема е веројатноста да бидете раздразливи и нервозни. Истражувањата покажуваат дека „појадувачите“ помалку страдаат од анксиозност, депресија и хиперактивност.
Кога не јадете подолг период (во текот на ноќта), телото започнува да „мисли“ дека гладувате и складира повеќе масти. Појадокот го стимулира метаболизмот и го поттикнува телото да согорува калории.
Иако можеби си мислите дека со утринското гладување ќе го намалите внесувањето на калории и ќе го забрзате слабеењето, реалноста е дека тоа е погрешна стратегија. Ако гладувате во почетокот на денот, истражувањата покажуваат дека подоцна ќе бидете посклони кон прејадување. Луѓето кои не појадуваат прават и полош и понездрав избор на храна во остатокот од денот.
Кај луѓето кои појадуваат се намалува ризикот од појава на дијабетес, прекумерна дебелина или кардиоваскуларни заболувања.
Немате време за богат појадок? Еве три брзи предлози за да го започнете денот здраво и енергично:

Мерилин Монро
Жената му се јавува на мажот:
– Каде си?
– Мила, се сеќаваш ли на онаа златара каде го виде прстенот кој многу ти се допадна?
– Аууу, да!
– Е, јас сум во кафеаната од другата страна на улицата.
Коментари (8)
мене појадокот ми е секогаш ѓеврче и ниско-мастен јогурт или сенф... по тоа следува кафе или зелен чај :) и кога немам време за поручек цел ден не можам да се заситам... а со поручек следното јадење ми е дури по 5-6 сати...
Напишете коментар
Ако сè уште не сте регистрирани, кликнете овде.