Дехидратација

Топлото време треба барем малку да ни го сврти вниманието кон еден често игнориран проблем – дехидратацијата. Таа најчесто се случува во текот на летото, па време е да започнеме да внимаваме колку течности внесуваме секојдневно.

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето, потењето и уринирањето.

Жена што пие вода за да спречи дехидратацијаВодата е неопходна за правилно функционирање на телото.

Дехидратација настапува кога количеството вода што го напушта нашето тело е поголемо од количеството што го внесуваме. Недостатокот на вода во телото предизвикува несакани последици. Ако дехидратацијата продолжи подолго време, последиците можат да бидат фатални.

Симптоми

Еден од симптомите на дехидратацијата сите знаат да го препознаат – жедта. Зголемената жед е знак дека телото веќе дехидрирало.

Освен жедта, други симптоми кои можат да се појават како резултат на дехидратација се:

Доколку дехидратацијата е посериозна, се појавуваат повеќе симптоми како:

  • отсуство на потење и солзи;
  • намалено производство на урина;
  • низок крвен притисок;
  • забрзан ритам на срцето;
  • збунетост и несвестица.

Најчести причини

Дехидратација се појавува кога не внесувате доволно течности или пак кога има голема загуба на течности. Најчести причини за зголемената загуба на течности од телото се:

  • Повраќање и дијареја. Дијарејата може да предизвика значителна загуба на вода и електролити. Истото се случува и кога лицето страда од гадење и повраќање. Дијарејата проследена со повраќање доведува до уште поголема загуба на течности и минерали.
  • Зголемено потење. Телото губи вода преку потењето. Жешкото време и зголемената физичка активност предизвикуваат зголемено потење. Ако не ја надоместувате водата што се губи преку потењето, ќе настапи дехидратација.
  • Често мокрење. Потребата за често мокрење може да биде последица од примањето на некои лекови (лекови за крвен притисок, диуретици), последица на болести (дијабетес) или пак на зголемена консумација на алкохол.
  • Висока телесна температура. Колку е повисока температурата, толку повеќе телото дехидрира.
  • Изгореници и други оштетувања на кожата. Изгорениците предизвикуваат дехидратација, особено ако се од повисок степен. Но, исто така и други воспаленија на кожата можат да ја зголемат загубата на вода од телото и да доведат до дехидратација.

Превенција

Превенцијата е најдобар начин да се заштитите од дехидратацијата. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја избегнете појавата на дехидратација:

  1. Секојдневно консумирајте многу течности. Консумирајте околу 2 литри вода или други течности.
  2. Јадете повеќе овошје и зеленчук. Голем дел од овошјата и зеленчуците содржат многу вода и со тоа придонесуваат вашето тело да ја избегне дехидратацијата.
  3. Пијте многу вода пред и после вежбање. Исто така, пијте вода и додека вежбате, на секои 15-20 минути. Најдобро е да консумирате спортски пијалоци ако вежбате подолго од 1 час.
  4. Не вежбајте на отворено во најжешкиот период од денот. Вежбајте наутро или приквечер, кога надвор температурите се пониски. Ако имате можност, вежбајте секогаш под сенка.
  5. Не пијте многу кафе, газирани пијалоци или други течности што содржат кофеин, затоа што тој предизвикува често мокрење, а тоа може да доведе до појава на дехидратација.
  6. Намалете ја или прекинете ја консумацијата на алкохол. Алкохолот ја зголемува загубата на течности, а плус може да ви попречи трезвено да размислувате и да не ги почувствувате првите симптоми на дехидратацијата. Насочете се кон освежителни безалкохолни коктели и вода, особено во жешките денови.
  7. Избегнувајте протеински диети. Доколку практикувате протеинска диета, потребно е да внесувате многу течности. 8-12 чаши вода дневно се доволни за да ја избегнете дехидратацијата.
  8. Облекувајте се лесно. Лесната облека што нема да го спречува потењето на телото и продирањето на воздухот е неопходна во текот на летото и кога вежбате. Светлите бои не апсорбираат топлина, па треба да ги претпочитате.

Колку вода треба да пиете?

Количеството вода што треба да се внесува зависи од многу фактори. Просечниот возрасен човек губи преку урината околу 1,5 литри течност дневно. Дополнително се губи околу 1 литар вода дневно преку дишењето и потењето. Тоа значи дека дневно се губат околу 2,5 литри вода, кои треба да се надоместат.

Околу 20% од водата ја внесуваме преку исхраната, па останува во форма на течности да внесеме уште 2 литри.

Заклучок: Ако внесувате 2 литри вода или други течности (околу 8 чаши), тоа значи дека консумирате доволно за да избегнете дехидратација и да му овозможите на вашето тело правилно да функционира.

Дали сте знаеле дека...

  • Ладната вода може да ви помогне да вежбате подолго. Истражувањата покажале дека луѓето коишто пијат ладна вода од фрижидер вежбаат 25% подолго, отколку оние што испиле исто толку топла вода.
  • Преку храната внесувате 20% од вкупното количество внесена вода. Лубеницата е одличен избор за разладување во летните горештини, но и многу други овошја содржат големо количество вода.
    • 100g лубеница ќе му дадат на вашето тело 90-95ml вода.
    • Во 150g јагоди има 135ml вода.
    • 100g јаболка ќе ви донесат дополнителни 85ml вода.
  • Пиењето една чаша вода пред оброк може да ви помогне да слабеете. Водата го намалува интензитетот на чувството за глад, а истовремено ви помага да внесете помалку калории. Истражувањата покажале дека консумирањето на една чаша вода пред секој оброк, придонесува за намалување на внесените калории во текот на денот со 13%.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10514 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.