13 нешта кои треба да ги знаете за својата вагина и сексуалното здравје
Почетна » Здравје » Интимно » 13 нешта кои треба да ги знаете за својата вагина и сексуалното здравје

13 нешта кои треба да ги знаете за својата вагина и сексуалното здравје

Вагината е оној дел од женското тело кој е опкружен со таинственост, срам и мистерија. Жените отворено зборуваат скоро за секој друг орган, но најчесто ги прескокнуваат темите поврзани со гениталиите. Иако работите се менуваат и жените сè повеќе и повеќе се едуцираат за сексуалното здравје, сепак постојат голем број жени кои се срамат да побараат информации за овие поделикатни теми.

Женско телоФормата, големината и влажноста на вагината варираат кај различните жени

Неоспорлив факт е дека треба многу поотворено да се зборува за женските сексуални органи, бидејќи токму таму се создава животот, а и се зона на големо задоволство. Еве што секоја жена треба да знае за својата вагина и сексуалното здравје:

  1. Некои жени ејакулираат за време на оргазам. Истите тие жени тврдат дека во таквите моменти доживуваат и најсилен оргазам. Но, не треба да се плашите дека нешто не е во ред со вас ако не сте доживеале ваков оргазам. Повеќето жени никогаш не доживуваат „женска ејакулација“.
  2. Формата и големината на вагината варира кај различните жени. Големината и бојата на срамните усни и вагината се различни кај различните жени. Многу често и срамните усни кај една жена не се еднакви и тоа е сосема нормално.
  3. И вагината треба да вежба. Како што правите вежби за зацврстување на рацете, нозете, задникот и стомакот, така треба да правите и Кегелови вежби за зацврстување на вагината. Породувањето или староста може да предизвикаат мускулите таму долу да се опуштат. Со помош на Кегеловите вежби можете да го минимизирате опуштањето на вагината.
  4. Влажноста на вагината варира. Кога се возбудени, некои жени многу повеќе се навлажнуваат во споредба со други. Но, исто така влажноста варира кај жените и во зависност од менструалниот циклус. На пример, во периодот околу овулацијата влажноста на вагината се зголемува. Влажноста значително може да се намали кај повозрасните жени или поради примање на некои лекови. Во таков случај, се препорачува користење на лубриканти.
  5. Нормално е да имате вагинален исцедок. Многу жени сметаат дека вагиналниот исцедок е знак на инфекција. Но, сè додека нема изглед на изварка, не е темно жолт или зелен и нема мирис, вагиналниот исцедок е нормален. Има жени кои секојдневно носат хигиенски влошки затоа што имаат многу исцедок, но има и такви кои постојано се речиси суви. Ако се сомневате дека нешто не е во ред со количината или изгледот на вашиот вагинален исцедок, најдобро е да се консултирате со гинеколог.
  6. Сексот не треба да предизвикува болка. Одредени пози понекогаш може да предизвикаат мала болка, но во целина сексот треба да биде пријатно доживување и да не се асоцира со болка. Многу жени страдаат тивко од болни сексуални односи затоа што се срамат да побараат помош, а всушност треба што поскоро да се консултираат со гинеколог за да пронајдат решение за овој непријатен проблем.
  7. Скоро е неверојатно да префатите сексуално пренослива болест од капакот на WC шолја. Сексуално преносливите болести и инфекциите не можат да живеат долго време надвор од телото, а особено не на капакот од шолјите. Освен тоа, заразувањето треба да се случи преку директен контакт со отворена рана или гениталиите. Шансите да добиете СПБ од посета на тоалет се минимални и се стремат кон нула. „Колку што имам сознанија, никој нема добиено СПБ од капак на тоалетна шолја, освен ако немал секс на капакот“ – изјавила Абигејл Селјерс, претседател на Американското друштво за микробиологија.
  8. На вагината не ѝ треба внатрешно миење. Вагината има способност за самопрочистување. Сосема е доволно да ја одржувате хигиената на надворешните делови.
  9. Испуштањето на гасови од вагината им се има случено скоро на сите жени. Не се срамете ако за време на секс или при некои вежби испуштите гасови од вагината. Тие немаат непријатна миризба и не треба да предизвикуваат срам затоа што се апсолутно нормална појава.
  10. Мастурбирањето е здраво. Самозадоволувањето им помага на жените да се релаксираат и да научат што им носи поголемо задоволство. Оргазмот ја намалува хроничната болка, ги олеснува симптомите на ПМС, го подобрува расположението, го намалува стресот и депресијата, а исто така го зајакнува имуниот систем.
  11. Не постои дефиниција за тоа што е нормална мастурбација. Повеќето жени се имаат самозадоволувано барем еднаш во текот на својот живот. Некои жени мастурбираат секој ден, а некои поретко од еднаш годишно. Некои ги користат своите прсти, други пак користат помошни средства како вибратори. Мастурбацијата придобива различни форми и се практикува со различна честота, па нема дефиниција за тоа што е нормално.
  12. Треба да можете да ја предвидите вашата менструација. Секоја жена треба да ја следи својата менструација и да може да ја предвиди. Менструалниот циклус нормално трае од 21 до 40 дена, а менструалното крварење до 7 дена. Сигурно ќе ви биде од корист нашиот календар на плодни денови.
  13. Можете да за заразите со СПБ дури и ако користите кондом. Шансите да се случи тоа се мали, но сепак постојат. Кондомите не се 100% сигурни, па потребно е внимателно да го избирате партнерот со кој ќе имате интимни односи.

Анкета

Анкета
Каде планирате да одите на одмор летово?
  • 41%
  • 14%
  • 26%
  • 20%
Се испраќа...

(Вкупно: 6137 гласа)

Цитат

Некои од најдобрите спомени се создадени во апостолки.

Кели Елмор

Виц

Крем со колкав фактор?

- Со 20.

Доволно ќе ви е?

- Ако згрешам, нека изгорам.