Почетна » Здравје » Интимно » Болен сексуален однос (диспареунија)

Болен сексуален однос (диспареунија)

Што претставува?

Повеќето жени би го опишале сексуалниот однос како големо задоволство, но некои го чувствуваат точно обратното – болка.

Загрижена жена
Дури 60% од жените имаат доживеано болен сексуален однос.

Диспареунијата се дефинира како постојана или периодична болка во гениталиите за време и по сексуален однос. Оваа појава е многу честа кај жените. Всушност, до 60% од жените имаат доживеано болен сексуален однос.

Симптоми

Локацијата, интензитетот и периодичноста на болката варираат. Ако имате болен сексуален однос, може да почувствувате:

  • Болка при секоја пенетрација, дури и при ставањето на тампон;
  • Болка кога имате секс со одредени партнери или во одредени ситуации;
  • Болка по завршувањето на безболен сексуален однос;
  • Печење.

Најголем дел од жените чувствуваат болка за време на пенетрацијата.

Причини за појавата

Причините за појавата на болен сексуален однос можат да бидат разновидни. Болката која се појавува за време на пенетрација, може да биде причинета од:

Сувост на вагината. Тоа најчесто е резултат од недоволна предигра, но може да биде последица од опаѓањето на нивото на естроген после менопауза и породување или за време на доењето на бебето. Исто така и некои лекови (антидепресанти, седативи, лекови за висок крвен притисок) можат да предизвикаат сувост на вагината.

Продуктите за контрола на бременоста. Многу е веројатно да имате алергична реакција на латекс. Болката може да е причинета и од несоодветна или изместена дијафрагма.

Воспаление или инфекција. Инфекција на гениталиите или на мочниот меур може да предизвика болка за време на сексуален однос.

Вагинизам. Вагинизам е грч на мускулите на влезот на вагината и тоа ја прави пенетрацијата болна.

Други причини за болка за време или по сексуален однос се:

Психолошки проблеми. Нервозата, депресијата, срамот од физичкиот изглед или стравот од интимност можат да бидат причина за болен сексуален однос.

Стрес. Вагиналните мускули се многу чувствителни на стрес, па ако сте под стрес може да имате болен сексуален однос.

Лекување и совети

Многу жени кои што страдаат од овој проблем, не бараат стручна помош. Ако вие имате болен сексуален однос, најдобро е да се консултирајте со вашиот гинеколог.

Болката за време на сексуален однос во минатото се сметаше за психолошки проблем. Но, денес работите се менуваат, експертите подлабоко ги разбираат причините за оваа појава и се отфрлува тоа мислење.

Лекувањето варира во зависност од проблемот кој што ја предизвикува болката и може да вклучува:

  1. Промена на секс позицијата. Промената на позицијата може да ви помогне да ја елиминирате болката. Пробајте да бидете врз вашиот партнер. Така ќе можете да регулирате колку длабоко ќе пенетрира.
  2. Комуникација со партнерот. Зборувајте со вашиот партнер за да му кажете што ви е убаво, а што не.
  3. Продолжување на предиграта. Долгата предигра ја зголемува влажноста на вагината. Дозволете му на вашиот партнер да пенетрира само кога сте доволно возбудени.
  4. Користење на лубрикант. Лубрикантите на база на вода, можат да ви помогнат сексот да ви биде многу попријатен.
  5. Лекување на инфекциите. Ако некоја инфекција или друга болест се причината за болката, основно треба прво неа да ја лекувате.
  6. Избегнување на миризливите продукти за хигиена. Не користете миризливи продукти како гелови за туширање или купки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.