Воспаление на грлото
Почетна » Здравје » Заболувања » Воспаление на грлото

Воспаление на грлото

Воспалението на грлото е состојба која се карактеризира со болка, гребење и иритација на грлото, кои се влошуваат при актот на голтање. Најчесто се појавува во текот на есенските и зимските месеци. За среќа, во најголем дел од случаите воспалението на грлото не е сериозна закана за здравјето и исчезнува без примање на лекови.

Воспалено грло

Причини

  1. Вирусни инфекции:
    • Грип (Influenza);
    • Мононуклеоза (болест на бакнежот) која предизвикува постојано воспаление на грлото;
    • Други вирусни инфекции како мали сипаници, заушки, херпангина.
  2. Бактериски инфекции:
    • Streptococcus pyogenes инфекција, која најчесто не е проследена со кашлање и назална конгестија;
    • Дифтерија – сериозно респираторно заболување кое е позастапено во индустриски неразвиените земји;
    • Други бактериски инфекции;
    • Во ретки случаи како причина може да бидат и СПБ (Сексуално преносливи болести) како гонореја и кламидија.
  3. Други причини:

Симптоми и знаци

Симптомите и знаците се во зависност од причинителот на воспалението. Најчесто се појавува:

  • Чувство на болка или гребење на грлото;
  • Болка која се влошува при голтање и зборување;
  • Отежнато голтање;
  • Суво грло;
  • Одбивање на храна (кај деца и новороденчиња);
  • Зарипнат и задушен глас;
  • Болни и отечени вратни и подвилични жлезди;
  • Отечени и црвени крајници;
  • Гној на крајниците.

Голем број инфекции кои предизвикуваат воспаление на грлото даваат и други пропратни симптоми како треска, кашлање, кивање, назална конгестија, болки низ цело тело, главоболка, гадење и повраќање.

Како да си помогнете?

Парење со чај од жалфијаВдишувањето на пареа од чај од жалфија ги олеснува симптомите на воспалено грло
  1. Одморете го телото, одморете го гласот. Квалитетниот сон и штедењето на гласните жици ќе ви овозможат побрзо да закрепнете.
  2. Правете гаргара. На секој час правете гаргара барем еднаш. Растворот можете да го приготвите на повеќе начини:
    • 1 лажичка (5g) сол растворена во 250ml топла вода.
    • 1 лажичка (5g) сода бикарбона во 250ml топла вода.
    • Една лажичка сол, една лажица лимон, една лажица мед, една лажица јаболков оцет и 250ml топол чај од жалфија.
    Доколку имате назална секреција, гаргарата правете ја почесто со цел да спречите понатамошна иритација на грлото.
  3. Вдишување на пареа од чај од жалфија. Во голем сад направете чај од жалфија, наведнете ја главата над садот (не се приближувајте премногу до течноста) и покријте се со крпа. Дишете од пареата петнаесетина минути. Практикувајте ја оваа постапка неколку пати на ден.
  4. Пијте многу течности. Неопходно е да консумирате колку што е можно повеќе течности со цел да спречите дехидратација и да го одржувате грлото влажно.

Повеќе совети за домашна нега на болно грло »

Кога треба да посетите доктор?

  1. Препорака за деца. Веднаш посетете ја најблиската здравствена установа доколку вашето дете покажува знаци на:
    • отежнато дишење или голтање;
    • невообичаено лигавење кое што може да алудира на отежнато голтање;
    • температура над 38,3°C;
    • гадење и повраќање.
  2. Препорака за возрасни. Посета на лекар се советува доколку воспалението на грлото се поврзува со било која од следните карактеристики:
    • воспаление на грлото кое трае повеќе од една недела;
    • отежнато голтање или дишење;
    • зарипнат глас повеќе од 2 недели;
    • болки во зглобовите;
    • болки во увото;
    • осип;
    • температура повисока од 38,3°C;
    • крв во плунката.

Важно! Не земајте антибиотици на своја рака. Воспалението на грлото најчесто е предизвикано од вирусни инфекции, а во тие случаи антибиотиците не помагаат. Лекувањето со антибиотици треба да започне само по консултација со доктор.

Анкета

Анкета
Дали го вакцинирате вашето дете?
  • 66%
  • 15%
  • 19%
Се испраќа...

(Вкупно: 2126 гласа)

Цитат

Вистински пријател е оној кој ја гледа тагата во твоите очи, додека сите останати веруваат во насмевката на твоето лице.

Анонимен

Виц

Како се нарекува маж кој одбива да користи презерватив?

- Татко.