Почетна » Љубов и секс » Секс » 6 жешки игри за студени денови

6 жешки игри за студени денови

Секси игрите за парови се многу забавни и веднаш ја разгоруваат страста и кај мажите и кај жените. Тие ја зголемуваат сексуалната возбуда и се одличен начин за пронаоѓање на нови ерогени зони и откривање на скриените сексуални желби и фантазии.

Секси парСекс игрите се исклучително забавни, ја зголемуваат сексуалната возбуда и ја разгоруваат страста

Придушете ја светлината, пуштете бавна секси музика, запалете ароматизирана свеќа и отворете едно шише вино. А потоа, изберете една или повеќе од понудените секси игри кои веднаш ќе ја вжештат атмосферата.

  • Секси десерт. Земете мека марама и врзете ја преку очите на партнерот. Донесете чинија со мали парчиња плодови и легнете голи. Земајте по едно парче и поставувајте го на вашето тело. Вашиот партнер треба да го пронајде десертот бакнувајќи ве по целото тело, без да ги користи рацете. Вие можете да го упатувате со зборовите „топло“, „ладно“, „жешко“. Ако не сакате да направите неред, користете плодови како јагода, јаболко, банана. Доколку не ви смета да станете малку полепливи, користете шлаг пена или течно чоколадо.
  • 60 секунди. Земете кујнски часовник и наместете го на 60 секунди. Одредете една област од телото, на пример од вратот до градите. Во текот на 60-те секунди вашиот партнер треба да направи сè што знае и умее за да ве возбуди максимално, допирајќи ги и бакнувајќи ги само дозволените области од вашето тело. Потоа одредете друга област и започнете нови 60 секунди.
  • Стрип покер. Секој од вас треба да носи по 5-6 парчиња облека. Започнете да играте покер. На секое делење, губитникот треба да соблекува по едно парче облека од себе. Кога сте вие на ред да се соблекувате, правете го тоа бавно и сензуално, како што тоа би го направила стриптиз танчарка. Оној што ќе остане гол, ако повторно изгуби, ќе треба да му исполни сексуална желба на другиот.
  • Бакнување за време на филм. Пред да започнете да гледате некој филм, одредете еден или неколку зборови кои кога ќе ги слушнете треба да се бакнете. Секогаш кога ќе биде изговорен тој збор, скокнете во страстен бакнеж. Голема е веројатноста да не успеете да го догледате филмот затоа што страсните бакнежи брзо може да доведат до нешто повеќе. Изберете романтичен филм или комедија и збор кој знаете дека често ќе се споменува.
  • Мала рачна светилка. Изгаснете ги сите светла во собата и земете мала рачна светилка. Со неа осветлувајте ги оние области од телото кои сакате тој да ги бакнува и допира. Започнете со вратот, внатрешноста на бутовите, стомакот, а потоа преминете на повозбудливите ерогени зони. Сè додека осветлувате некој дел од телото, тој не смее да прекине да го допира или бакнува. Светилката не мора да остане само во вашите раце.
  • Вистина или предизвик. Застанете еден спроти друг облечени само по долна облека и едниот нека започне со поставување на прашањето „Вистина или предизвик?“. Ако сте поавантуристички настроени, секогаш избирајте предизвик. Така вашиот партнер ќе има можност да открие некоја своја фантазија преку тоа што ќе ве предизвика да му ја исполните. А ако тој избере вистина кога ќе дојде вашиот ред, можете да го прашате некои поинтимни прашања за да разберете кои се неговите скриени сексуални желби и фантазии, а и тој вашите. Едно правило кое треба да го почитувате е да не прашувате за вашите претходни сексуални искуства и партнери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.