Почетна » Убавина и мода » Шминка » Мејкап трендови – пролет/лето 2013

Мејкап трендови – пролет/лето 2013

Кадифени усни, кожа бакната од сонцето, крилест поглед со ајлајнер, пастелна розова деликатност, аква очи, мат кожа – пролетното сонце носи нов свеж бран трендови за разубавување на женското лице.

Со оптимистичка визија за новата сезона, мејкап артистите создадоа игра со бои која маѓепсува и хипнотизира. Вештачката и нападна шминка која стои како маска на лицето останува заборавена во минатото и се става акцент на истакнувањето на природната женска убавина.

Мат портокалови и розови усниПастелна розово-виолетова нежност„Крилест“ погледАква очни капациВпечатливи веѓиЛуксузен смарагден погледАјлајнер во бојаМинимална шминка и кадифена кожаКафеави сенки и бронзен блесок на божица

Мат портокалови и розови усни

Кадифената текстура на усните во комбинација со мат финиш е за преферирање.

Актуелни се впечатливи и сочни бои на кармини како портокалова и интензивна розова која ѝ се приближува на цикламата.

Поради фактот што самите бои се доволно силни, не се препорачува дополнителен сјаен ефект, туку смирен мат изглед на усните.

Пастелна розово-виолетова нежност

Пастелните нијанси привлекуваат со деликатноста и се одраз на женственоста.

Во текот на пролетните и летните денови насочете се кон млечните розови и виолетови сенки за очи за да ја зачувате нежноста во погледот. Најдобро е да ги комбинирате и двете бои за да добиете подинамична шминка.

Розовите руменила продолжуваат да водат пред руменилата со корални и црвени пигменти.

„Крилест“ поглед

Кога пред неколку сезони мачкините очи се пробија во трендовите, оставија толку голем впечаток што станаа задолжителен моден додаток за лице за вечерни прилики.

И во новата сезона ајлајнерот не завршува кај надворешниот агол на окото, туку линијата продолжува со благ свиок нагоре оформувајќи „крилест“ поглед.

Ретро гламурот и сексапилот кои зрачат од мачкините очи ги мамат и женските и машките погледи.

Аква очни капаци

Доколку е неопходно да се избере само една боја за шминкање на очите која е неспорен бјути хит оваа сезона, тогаш дефинитивно тоа е сината.

Мејкап артистите се заљубија во длабокиот и релаксирачки изглед на сината шминка, па сините сенки за очи и сините ајлајнери добија статус на „must-have“ козметички производи.

Препорачливо е мешање на сини со тиркизни сенки за интригантен резултат.

Впечатливи веѓи

Не се надевајте дека дебелите веѓи во скоро време ќе изгубат од својот шарм. Модната индустрија полуде по впечатливиот изглед на поприродната форма на веѓите и сосема ги заборави претенките веѓи кои наликуваат на исцртана линија.

Потенцираните веѓи подобро го оцртуваат лицето, па ако вашите веѓи се премногу ретки, не се плашете да искористите молив или соодветна сенка за очи за подобро да ги дефинирате.

Луксузен смарагден поглед

Откако смарагдно-зелената боја беше прогласена за боја на 2013 година, јасно беше дека оваа луксузна нијанса ќе биде со двете раце прифатена од козметичките гиганти.

Софистицираните потемни зелени сенки за очи делуваат освежувачки и шармантно. Комбинирајте ги со корални усни и праска руменило.

Ајлајнер во боја

Сончевата сезона предлага оцртани очни капаци во весели бои. Многу мејкап артисти целосно се ослободија од монотониот црн ајлајнер и започнаа игра со ајлајнери во сина, жолта и зелена боја.

Забавниот младешки елемент на овој тип шминка магнетски ги привлекува девојките кои сакаат да експериментираат, особено во деновите кога сонцето силно им го осветлува лицето.

Минимална шминка и кадифена кожа

Истакнете ја природната убавина со минимална употреба на козметички производи и нема да погрешите. Ќе знаете дека сте успеале да го постигнете овој изглед кога мажите ќе бидат убедени дека немате на кожата ниту грам шминка.

Кожата треба да е беспрекорна и со мат финиш, што е голем предизвик во текот на топлите денови. Се препорачува нежно розово руменило, сјај на усните и еден слој кафеава маскара за преку ден, а црна за навечер.

Кафеави сенки и бронзен блесок на божица

Кафеавите сенки комбинирајте ги со бронзер за да постигнете изглед на божица со кожа како бакната од сончевите зраци.

Сивокафеавите, бежовите и кафените сенки за очи ќе ви овозможат да постигнете гламурозна или поедноставна шминка, во зависност од вашите преференции.

За комплетен и складен изглед, изберете „голи“ усни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.