Почетна » Убавина и мода » Тело » 7 брзи трикови за разубавување

7 брзи трикови за разубавување

За да ја одржувате вашата убавина, навистина е потребно да ѝ посветувате време. Но, понекогаш, кога имате само 15-тина минути за да се спремите, треба брзо да реагирате и да ги отстраните пречките кон совршениот изглед.

Искористете ги овие брзи трикови за да бидете неодоливи до детаљ.

Избелување на жолти нокти

Употребата на лакови за нокти во силни бои е најчестата причина за пожолтување на ноктите.

Женска рака со убави ноктиСмеса од хидроген и сода бикарбона ќе би помогне да ги избелите пожолтените нокти

Ефективен начин да ја вратите белата боја на ноктите е да направите смеса од 3% хидроген и сода бикарбона, којашто наликува на паста. Со помош на памучен тампон нанесете ја смесата под врвовите на ноктите и врз нив. Оставете да делува 3 минути и потоа измијте ги рацете со топла вода.

Мрсни корени на косата

Многу луѓе секојдневно се борат со проблемот мрсна коса. Ако и вие сте меѓу нив и не сте имале време да ја измиете вашата коса со шампон, освежете ја со помош на бебешка пудра.

Со помош на голема бушава четка нанесете бебешка пудра на корените. Само внимавајте да не нанесете премногу пудра, па секој да ја забележи вашата тајна.

Суви усни

Ниту еден кармин на светот не изгледа привлечно ако го ставите на суви усни.

За веднаш да добиете меки усни, премачкајте ги со вазелин и ставете брз нив најлонска фолија. Оставете ја фолијата 5 минути и потоа нежно истријте ги усните со четка за заби или салфетка.

Подуени очи и подочници

Спиењето на стомак предизвикува очите да се подујат и утрото едвај да ги отворите. За да го ублажите подувањето, земете две лажици кои претходно сте ги чувале во фрижидер и поставете ги на подочниците 5 минути.

Покрај тоа, искористете виткач за трепки и маскара за волумен за да направите очите да изгледаат поотворени.

Лош мирис на косата

Косата многу лесно може да ја изгуби убавата миризба.

За да го освежите нејзиниот мирис, прво издувајте ја со фен. Потоа, на четката за коса напрскајте од вашиот омилен парфем и исчешлајте се од корените кон врвовите.

Коса без волумен и расцветани врвови

Долго време го немате посетено вашиот фризер и веќе врвовите започнуваат да ве издаваат?

Убава женаВитканата коса ги прави расцветаните врвови помалку видливи

Едноставен трик да ги направите расцветаните врвови помалку видливи е да ја извиткате косата. Не е важно дали ќе користите витлери, преса или фигаро. Витканата коса изгледа пократка за неколку сантиметри, ги прикрива расцветените врвови и ѝ дава волумен на косата.

Разбушавени веѓи или коса

За да изгледа вашето лице совршено секој ден, без или со шминка, потребно е да ги одржувате веѓите во топ форма.

Ако одбиваат да застанат како што вие посакувате, земете малку гел за коса и фиксирајте ги. За понежен ефект можете да се обидете да ги припитомите со помош на вазелин.

Разбушавената дива коса не е лесна за одржување. Доколку го имате овој проблем, навлажнете ги рацете со вода и ставете малку лосион или хидратантен крем. Размачкајте го добро и поминете со рацете низ косата. За уште подобар ефект, соберете ја во пунџа и оставете ја така 10 минути.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11004 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.