Почетна » Убавина и мода » Мода » Обувки – трендови за сезоната пролет/лето 2012

Обувки – трендови за сезоната пролет/лето 2012

Колоритни, романтични, авантуристички, егзотични, но пред сè женствени – тоа се трендовите кај обувките кои ќе ја одбележат започнатата сончева сезона. Модната индустрија предлага безброј возбудливи стилови кои привлекуваат погледи и кои ќе ја разгорат женската имагинација, а во целата таа еклектичка понуда, има неколку трендови коишто отскокнуваат.

Фрлете поглед на најжешките трендови благодарение на кои ќе зачекорите со стил во сезоната пролет/лето 2012.

Обувки обоени во пастелни нијанси

Облечете се во пастелни нијанси од глава до пети и нема да направите модна грешка оваа сезона. Сладоледните нијанси на жолтата, сината, розовата, зелената, портокаловата или бојата на ментол ги обоија и новите обувки. Пастелните обувки ќе ја истакнат нежноста на вашиот изглед, без да делуваат монотоно или здодевно.

Обувки обоени во пастелни нијанси

„Колор-блок“ обувки

Трендот популарно наречен „колор-блокинг“ дава многу слобода за негово изразување. Судирот на различни бои кои имаат строго дефинирани граници плени со својата динамичност и досега се покажа како интригантен извор на модна инспирација. Трендот „капаче“ може да се сфати како забавна интерпретација на трендот „колор-блок“.

„Колор-блок“ обувки

Обувки со „капаче“ на прстите

Холивудските ѕвезди со широки раце го пречекаа овој тренд и во секоја укажана прилика го покажуваа своето чувство за мода преку шпицести обувки со метален врв. „Капачето“ е актуелно без разлика каков модел на обувки ќе изберете, важно е само врвот кај прстите да е во различен материјал или боја од останатиот дел.

Обувки со „капаче“ на прстите

Сандали на платформа

Речиси и да нема жена која не ги обожава сандалите на платформа, затоа што тие истовремено ем ги издолжуваат нозете, ем се комфорни и ни даваат сигурен чекор. Без разлика дали ќе изберете модел со плутена, плетена или дрвена платформа, во секој случај ќе се чувствувате ултра модерно.

Сандали на платформа

Балетанки со впечатлив дезен или боја

Женските стапала заслужено ќе добијат одмор со ниските балетанки. Малку по малку тие се пробија во трендовите и за наша среќа нема изгледи дека ќе го отстапат своето место. Балетанките за новата сезона се со импресивни дезени – животински, геометриски, цветни или апстрактни, или пак, се во силна боја која го влече погледот кон женските нозе.

Балетанки со впечатлив дезен или боја

Класични сандали со ремче на глуждовите

Класичните сандали со тенка штикла, без предна платформа и тенки ремчиња говорат дека не мора да носите обувки со откачени силуети или дезени за да бидете во чекор со модата. Пролетните и летните трендови зрачат со женственост, а нема подобар начин да ја акцентирате вашата нежна страна од класичните елегантни сандали кои максимално ќе ги отскријат вашите нозе.

Класични сандали со ремче на глуждовите

Проѕирни елементи

Пепелашка носеше стаклени чевлички, но дизајнерите за модерната дама предлагаат обувки со проѕирни делови кои иако не се стаклени, на игрив начин дозволуваат да ѕирка женската нога. Провидноста на искористените материјали на привлечен начин потенцира минимализам и едноставност.

Проѕирни елементи

Спортски стил

Дали поради наближувањето на Олимпијадата или поради желбата за создавање на порелаксирана и полежерна мода, речиси сите дизајнери во своите колекции обувки вклучија модерни патики или обувки на висока потпетица со спортски елементи. Перфорираната кожа и тенките врвки лесно ќе се вклопат во актуелниот спортски начин на облекување.

Спортски стил

Неутрални обувки

Откако пред неколку сезони жените се заљубија во „голите“ обувки чија боја ја имитира бојата човечката кожа, немаат намера да се откажат од нивната магична привлечност. Обувките кои асоцираат на голотија визуелно создаваат „километарски“ нозе. За крем бојата се вели дека е новата црна, затоа што може да се комбинира апсолутно со сè, па тоа е најубедливиот аргумент зошто не треба да ја игнорирате убавината и практичноста на овие обувки.

Неутрални обувки

Обувки во неонски бои

Неонските и силните бои кои инстантно „паѓаат“ в очи продолжуваат да го промовираат веселиот дух на трендовите, а во текот на пролетните и летните денови нивната употреба доаѓа сосема природно. Тиркизна, циклама, портокалова, зелена, жолта... Со будењето на природата нека се разбуди во вас желбата за развеселување на вашиот изглед со „неонските“ трендови.

Обувки во неонски бои

Сандали со „Т“ ремче

Независно дали се на платформа, со штикла или со рамна ниска потпетица, сандалите со „Т“ ремче се секси и речиси никогаш не излегуваат од мода. Но, оваа сезона „Т“ ремчето доби и футуристичка верзија, т.е. долгото ремче не поминува низ прстите на нозете, туку застанува пред почетокот на прстите.

Сандали со „Т“ ремче

Обувки со егзотичен животински принт

Текстурата и дезенот на змиската и крокодилската кожа ја распламтија креативноста на дизајнерите во претходните две сезони и сè уште во актуелните колекции гледаме траги од овој тренд. Исто така, остануваат модерни и принтовите кои потсетуваат на зебра, тигар или леопард.

Обувки со егзотичен животински принт

Обувки со сребрен и златен отсјај

Во текот на летните денови вашиот бронзен тен уште повеќе ќе дојде до израз со сандали во сребрена или златна боја. Со нивна помош на одличен начин ќе го пренесете гламурот на блескавите обувки во топлата сезона, без да изгледа како да се премногу „накитени“.

Обувки со сребрен и златен отсјај

Минималистички чевли со шпиц

Претходните две сезони го најавуваа враќањето на шпицот, а сега тешко да можеме да го игнорираме. Иако многу жени бегаат од самата помисла на чевлите со шпиц, модерните варијанти на овие модели се далеку од непривлечни.

Минималистички чевли со шпиц

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11709 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.