Почетна » Убавина и мода » Лице » 8 лоши навики кои ѝ штетат на убавината на кожата на лицето

8 лоши навики кои ѝ штетат на убавината на кожата на лицето

Секоја жена се обидува колку што е можно подобро да ја негува својата кожа и колку што е можно подолго да ја задржи природната убавина на своето лице.

Но, понекогаш, свесно или несвесно, жените прават грешки со кои ѝ наштетуваат на нежната кожа на лицето. Еве дел од најчестите грешки, како и совети за да ги отфрлите од вашиот живот:

Жена што спиеЖена што спиеЖена со четки за шминкаЖена што си ги трие очитеЖена што си прави ексфолијацијаЖена што си го мие лицетоЖена што си ја мие косатаЖена што пие од сламка

Спиење со шминка

Имавте луда вечер, испивте два-три коктела и изморени веднаш се срушивте во вашиот кревет. А шминката? „Утре ќе ја извадам, а и ќе си ставам маска на лицето“ – безгласно размислувате додека потонувате во светот на соништата. Но, вистината е дека ниту една маска за лице нема да ја поправи штетата што шминката ќе ја направи во текот на ноќта.

Шминката ги затвора порите и ја задржува нечистотијата. Ако имате кожа склона кон појавување на акни, никогаш не треба да си дозволите да легнете со шминка.

Совет: Веднаш до креветот чувајте бебешки влажни марамчиња. Кога ќе се најдете во ситуација да ве мрзи да станете од кревет, извадете ја шминката со нив. Така ќе ја зачувате чиста и вашата постела.

Недоволен сон

Џенифер Лопез е само една од холивудските убавици кои тврдат дека тајната на нивната убавина е добриот 8-часовен сон. „Спиењето е моето оружје“ – вели таа, па зошто и ние да не го прифатиме овој бесплатен третман за убава кожа?

Колку и пудра да ставите, ако не сте доволно наспани, вашата кожа нема да има здрав сјај, а да не споменуваме дека сигурно ќе се соочите со темни кругови околу очите или подочници. Спиењето помага и во борбата со акните и предвременото стареење.

Совет: Секој ден спијте 7,5 до 8 часа. Кожата ќе најде начин да ви се заблагодари за тоа.

Користење на нечисти четки за шминка

Сите знаеме дека треба редовно да ги чистиме четките, но секогаш ги користиме пред излегување, па никогаш немаме време и го одложуваме чистењето за „утре“.

Влакната на четките се идеална средина за развој на бактерии и насобирање на нечистотии. Употребата на нечисти четки ги носи тие бактерии и нечистотии директно на кожата на лицето.

Совет: Заедно со неделното чистење низ домот, чистете ги и четките за шминка. Препорачливо е четките да се чистат еднаш неделно со бебешки шампон. Четката за кармин чистете ја по секоја употреба, а апликаторите за сенки за очи менувајте ги често.

Триење на очите

Алармот ѕвони, а вие во обид да се расоните што побрзо, ги триете очите. Грешка! Навиката на триење на очите можеби делува безопасно, но реално ѝ штети на вашата убавина.

Триењето на очите ја иритира кожата и често е причина за појавата на темни кругови околу очите. Освен тоа, со рацете може да пренесете нечистотии во вашите очи, па да завршите со црвени очи.

Совет: Наутро, наместо да лежите в кревет, веднаш станете и измијте ги очите со ладна вода за да се расоните. Секогаш кога се проѕевате и забележите дека рацете ви се упатуваат кон очите, исконтролирајте се и повлечете ги. Сè е до навика. Ако желбата да ги триете очите е поради тоа што чувствувате чешање, тогаш можно е да се работи за некаква алергија.

Премногу честа ексфолијација

Пилинзите и хемиските ексфолијанти со AHA киселини можат да направат вашето лице да блесне со убав здрав сјај, бидејќи го отстрануваат површинскиот слој на кожата составен од мртви клетки.

Но, честата ексфолијација ја иритира кожата и таа лесно може да стане црвена, а ако страдате од акни, ќе го направите тој проблем уште поголем.

Совет: Во летно време, користете пилинг два до три пати неделно. Во текот на зимата, ексфолирајте ја кожата еднаш неделно затоа што тогаш станува посува.

Миење на лицето со жешка вода

Миењето на лицето е многу корисно за кожата, бидејќи на тој начин таа се ослободува од натрупаните нечистотии и вишокот на маснотии. Но, многу луѓе сметаат дека ќе успеат подобро да се справат со мрсната кожа ако се мијат со жешка вода.

Жешката вода многу повеќе ѝ штети на кожата, отколку што ѝ помага. Таа предизвикува пукање на мали капилари на лицето, а освен тоа го стимулира лачењето на повеќе маснотии од кожата.

Совет: Мијте го лицето барем двапати дневно и тоа со млака до топла вода.

Миење на лицето пред миењето на косата со шампон

Голем дел од луѓето кога влегуваат под туш, прво го мијат своето лице, па продолжуваат со косата. Експертите предупредуваат дека тоа е грешка, особено ако имате чувствителна кожа склона кон појавување на црнки и акни.

Регенераторите и маските за коса, кои жените редовно ги користат, содржат многу масла кои остануваат на лицето, ги затвораат порите и предизвикуваат појавување на црнки.

Совет: Најпрво темелно измијте ја косата, а потоа измијте го лицето за да ги отстраните шампонот, регенераторот или маската за коса.

Пиење со сламка

Можеби е поинтересно да го пиете сокчето или коктелот со сламка, но ако тоа го правите редовно, вашиот изглед ќе настрада.

Константното собирање на усните при повлекувањето на течност со сламка води до создавање на фини линии или брчки околу устата. Со текот на времето тие стануваат повидливи.

Совет: Користете сламка во ретки случаи, на пример кога пиете специјален коктел. Секојдневно, пијте директно од чаша.

Па, за колку од наведените лоши навики сте „виновни“?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10502 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.